Како што посочуваат од Бигорскиот Манстир на вчерашната средба околу одбележувањето на јубилејот, било одлучено во скора иднина да се формира координативно тело, кое што ќе раководи со активностите за достојна прослава на реткиот и огромен по значење милениумски јубилеј.

Објавил: Катерина Крстиќ | 3 октомври, 2019 10:23

Бигорскиот манастир ќе прослави 1.000 години постоење

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Архимандрит Партениј, игуменот на Бигорскиот манастир, во придружба на неколку монаси од Бигорски и монахињи од манастрот„ Свети Георгиј Победоносец“ од селото Рајчица, имаше работна средба со Директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, Даријан Сотировски, информираа од Бигорскиот манастир.

-На средбата беа присутни, и повеќе познати личности од културно-општествената сфера во Македонија, а беше разговарано за претстојниот голем јубилеј на Бигорскиот Манастир – 1.000 години од неговото основање. Сите присутни изразија особена желба и подготвеност да излезат во пресрет за подготовките за јубилејот, додаваат од Бигорскиот манастир.

Местоположбата на Манастирот била таква, што тој се наоѓал во најразбојничкиот крај на Западна Македонија. Во тоа време над него демнеле многубројни опасности и само благодарение на чудата на Свети Јован, тој опстанал.

Како што посочуваат од Бигорскиот Манстир на вчерашната средба околу одбележувањето на јубилејот, било одлучено во скора иднина да се формира координативно тело, кое што ќе раководи со активностите за достојна прослава на реткиот и огромен по значење милениумски јубилеј.

Манастирот е основан во далечната 1020 година од првиот Охридски Архиепископ Јован Дебранин. Посветен е на Крстителот Господов, Свети Јован, за кого самиот Господ Исус Христос рекол дека меѓу родените од жена нема поголем од него.

Сета историја на Манастирот, неговиот живот, црнорисците, фреските и иконите, сè што во него било и е создадено, сè што е негово минато и сегашност, шепоти за еден непрекинат стремеж кон Бога. Токму затоа, уште од дамнина Манастирот непрестајно ги привлекувал мирјаните, станувајќи најсакан Божји дом за сите православни верници од овој крај, па дури и за иноверците. Но за време на своето постоење Mанастирот преживеал не малку беди. Најмногу пострадал за време на турското ропство, кога неколкупати бил рушен и пален. Oсобено големо запустение претрпел во времето на злогласниот османлиски султан Селим I (1512-1520), кога бил до темел разрушен. Но, Свети Јован Крстител не дозволил неговата света икона да биде уништена. Така, на двапати кога манастирот претрпувал пустош, иконата на чудесен начин исчезнувала и се селела на друго место за да не падне во рацете на безбожниците, а кога опасноста поминувала, таа повторно се враќала. Првиот пат иконата се преселила во еден манастир помеѓу Струга и Дебар, каде и денес постои црковен храм што се вика „Св. Јован Претеча – Бигорски“. Вториот пат, чесниот образ на Претечата си нашол привремен дом во с. Слатино, Дебарца. И таму, исто така, има храм што го носи името „Св. Јован Крстител – Бигорски“. Големата возобнова на Бигорската обител започнала во времето на игуменот Иларион (1743 – 1781/2), кога доаѓа и до процут на монашкиот живот.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Историја

Воедно, тој посочи дека ги имаа контактирано сите канцеларии на седумте потписници на Охридскиот рамковен договор и дека не успеал да го обезбеди оригиналниот документ.

ТЕТОВЕЦОТ ИЛИР ЛУМА ВО ДОМАШНИ УСЛОВИ 20 ГОДИНИ ЧУВАЛ ПРИМЕРОК ОД ОХРИДСКИОТ РАМКОВЕН ДОГОВОР

Илир Лума од Тетово, поранешен член на ПДП, во последните 20 години во домашни услови...

Во врска со моменталната ситуација со македонско - бугарските односи премиерот Заев истакна дека непринципиелната позиција на Бугарија спречи овозможување на првата меѓувладина конференција со ЕУ со што требаше да биде означен почетокот на преговорите.

ЗАЕВ: Нема да преговарам за тоа дека сме Македонци кои зборуваат македонски јазик

Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев вчера учествуваше на...

Читам дека во денешна Македонија има лекари кои не знаат латински. Мртов јазик, нели? Не знам како е со правниците, но и во правото, не само Римското право, без познавање на латинскиот не се може.

МИЛЧИН: Државата исчезнува од ден на ден- во Собранието се тргува и на ситно и на ангро

И ДЕНЕС ИСТОРИЈАТА Е УЧИТЕЛКА НА ЖИВОТОТ! Повозрасните граѓани веројатно ја паметат...