Според Вашинтонг тајмс  реформските процеси во земјата кои се спонзорирани од фондацијата „Сорос“ ја оставиле Албанија без судски систем.

Објавил: Рејхан Бајрами | 25 август, 2018 12:32

Вашингтон тајмс удри по „наркоманската„ влада на Еди Рама!

Фото/Текст извор: ©Вашингтон тајмс

„Вашингтон тајмс“ престижниот американски весник  во еден од своите написи силно и со факти наведува  обвинувања против албанската влада. 

Според Вашинтонг тајмс  реформските процеси во земјата кои се спонзорирани од фондацијата „Сорос“ ја оставиле Албанија без судски систем, што „е во полза на премиерот Еди Рама“. 

Процесот на проверка на потеклото на имотот и поврзаноста со криминални структури на судиите и обвинителите, наречен ветинг, ги брише политичките противници на Рама, со што му дава апсолутна моќ и оти зад сето ова стои милијардер Џорџ Сорос – пишува весникот. 

Се наведува дека корумпираните судии се оставаат на функција додека чесните се отпуштаат од работа, доколку тие „веруваат во погрешна работа или подржуваат погрешна партија“. 

Во последниве години, Албанија се претвори во нарко-држава, застанувајќи на врвот на листата производители на марихуана што се шверцува во Италија и други делови од Европа. Исто така Албанија стана главна точка за шверц и порта кон Европа за тешки дроги кои доаѓаат од Јужна Америка и Централна Азија – стои во написот. 

Синот на американскиот милионер Џорџ Сорос, Алекс кон крајот на Јули престојувал во Албанија.  Алекс Сорос деновите ги минувал со албанскиот премиер Еди Рама, за што објави форографија на Инстаграм, под која напиша дека е „многу радосен“ што го минува времето со него, без да наведувајќи во кој приморски град се наоѓаат.

Актуелната влада во Тирана се критикува и поради донесените закони кои поради нефункционирање на Уставниот суд не може да се преиспита нивата уставност, а сето тоа помага „во перењето пари од недозволената трговија со дрога“. 

Весникот го критикува и американскиот амбасадор во заминување, Доналд Лу, за кого наведува дека иако мандатот му завршил и во амбасадата е назначен времен вршител на должноста тој се уште е во Тирана. За него пишува дека е подржувач на „корумпираната влада на Рама“. 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.