Борисов веќе беше таму со српската премиерка Ана Брнабиќ, кога Стево Пендаровски влезе во салата и видно возбуден се поздрави со нив.

Објавил: Катерина Крстиќ | 11 јули, 2019 11:14

ВИДЕО: Пендаровски му се обрати на Борисов: Љубави, те поздрави Зоки

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Стево Пендаровски, претседателот на Македонија, на самитот кој се одржуваше во Сарaево отвари неформална средба со премиерот на Бугарија Бојко Борисов.

Борисов веќе беше таму со српската премиерка Ана Брнабиќ, кога Стево Пендаровски влезе во салата и видно возбуден се поздрави со нив.

Твитер гори по видеото кое беше објавено, на кое Пендаровски му се обраќа на Брисов со Љубави

Борисов го повика Пендаровски  „елај си при нас“, а тој му подаде рака и при тоа задоволен му се обрати со „љубави“, те поздрави Зоки.

Ова видео од средбата на Пендаровски и Борисов е едно од најгледаните на социјалните мрежи, кое предизвика лавина од коментари, а актерот Сашо Тасевски посвети и статус за нивната средба.

Нашиов претседател му се обраќа на Борисов со ЉУБАВИ. Пред камери. Не е монтажа така?
Добро бе, што прават водачиве балкански ко ќе се исклучат камерите, знае некој? Одат под туш заедно? Што е штосов?
Глејте колку сме блиски. ОПУШЕНО. Make love, not war.
До таму стигна дипломатската комуникација. Фупе Фупе… Резултат од лгбт ренесансата или чисто лицемерие, глумење финоќа мекоќа и глупоќа.
Замислете порано Тито да му кажел ЧАО ЉУБАВИ на Тодор Живков или на Кенеди.
Што сте бе вие? Претседатели на држава или теткици? Немојте љубави на БОЈКО, оти стварно ќе ве обљуби. Како бикче е, ќе ви се качи,напиша Тасевски на Фејсбук.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести