Локацијата на новиот клинички центар, ќе биде во општината Ѓорче Петров, изјави вчера попладне министерот за здравство Венко Филипче.

Објавил: Рејхан Бајрами | 6 февруари, 2019 18:23

Владата ќе искешира 480 милиони евра за нов клинички центар

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Владата предвидуваше околу 120 милиони евра за изградба на нов Клинички центар, но средствата за реализација се искачија на 480 милиони евра.

Министерот за здравство Венко Филипче, потврдува за „Фокус“ дека министерството за финансии ќе има нов финансиски план за кредитирање на клиничкиот центар, кој ќе се гради во општина Ѓорче Петров.

-Физибилити студијата покажува дека ќе бидат потребни од 450 до 480 милиони еврарече министерот.

На владината седница која помина вчера, се одлучи за избор на новата локација за изградба на новиот Клинички центар. Локацијата ќе биде во општината Ѓорче Петров, изјави вчера попладне министерот за здравство Венко Филипче.

Се бодуваа трите локации во Карпош, Ѓорче Петров и Петровец кои стигнаа како предлози до Министерството за здравство. Овој тим експерти разработи методологија, ги бодуваше и со соодветни коефиценти ги мереше овие карактеристики, а има бројни карактеристики на земјиштето и се донесе заклучок дека е идеална локацијата во Ѓорче Петров прво заради положбата, понатаму заради тоа што најбрзо можеше да се изготват сите потребни проектни документи и заради тоа што најмалку чини, практично целото земјиште е државно, рече Филипче по посетата на ЈЗУ Специјална болница по гинекологија и акушерство „Мајка Тереза“ во Чаир, по повод донација на прочистувачи за воздух.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Здравство

Изрази жалење за доцнењето на овој тендер, посочувајќи дека, заедно со Здружението на дијабетичари го правеле невозможното последните неколку месеци за да може тој тендер побрзо да се објави.

Меџити: Додека сум јас министер нема да се случи да доцни тендер или јавна набавка за лекови

Јавните набавки и тендерите за лекови нема никогаш повеќе да доцнат тврди министерот...

Смената од директорската позиција после повеќе годишно директорување со клиниката тешко му падна на др. Јовев па организираше и протести пред клиниката со негови пациенти а и не го штедеше со навреди новопоставениот директор др.Марјан Шокаровски.

Др.Јовев за „Фокус“: Не е точно дека сум нападнал некој, мене ме нападнаа, имам повреда на окото и од стрес лежам на Кардиологија

Од министерството за внатрешни работи денеска излегоа со соопштение дека од Клиниката...

Во интервју за ТВ „Клан“, поранешниот економски директор на Клиниката за онкологија Нехат Нухи, призна на јавноста дека мајка му била лекувана на Клиниката за онкологија и дека има медицинска историја таму, иако истакна дека не се лекувала од рак.

Според Нухи, овој третман бил дозволен од тогашниот медицински директор доктор Нино Васев.

– Беше период на ковид, а кога се работи за мајка, секој човек бара решение како побрзо да се третира. Со дозвола на медицинскиот директор, ни овозможија да се лекува. Но, не се лекуваше од рак. Беше период на ковид и другите клиники функционираа како ковид центри и затоа се лекуваше во нашата клиника, рече Нухи.

Без потврден канцер, мајката на економскиот директор на Онкологија се лекувала на клиниката

Во интервју за ТВ „Клан“, поранешниот економски директор на Клиниката за онкологија...

Кога отидов во Виена, лекарот ми рече ништо од вашата држава од вашите цитостатици, не требало од овие цитостатици, сакам да го оперирам момчето. Јас и тогаш зборев по сите телевизии, никој не ми даде поддршка сите ме правеа луда – рече ожалостената мајка.

(ВИДЕО) Мајка се онесвести од плачење: „Загубив млад син, му ја згрешија терапијата во приватна клиника“

Мајка која раскажуваше за својата голгота со синот кој го загубила од рак на бели дробови,...