Протестот на бугарската партија ВМРО-БНД во Благоевград, во знак на несогласување со отоврањето македонски културен клуб во овој град, ќе се одржи подалеку од местото на клубот, пред споменикот на Гоце Делчев, во центарот на градот, извести бугарската телевизија ТВ Нова.

Објавил: Мате Парлоф | 30 октомври, 2022 10:34

ВМРО-БНД ЌЕ ПРОТЕСТИРА ПОДАЛЕКУ ОД КЛУБОТ „ВАПЦАРОВ“ Полиција дежура пред зградата каде ќе се отвори македонскиот културен центар

Фото/Текст извор: ©плус инфо

Репортерот на бугарската ТВ Нова во јавувањето во живо известува дека на околните згради видливо се истакнати бугарски знамиња.

Протестот на бугарската партија ВМРО-БНД во Благоевград, во знак на несогласување со отоврањето македонски културен клуб во овој град, ќе се одржи подалеку од местото на клубот, пред споменикот на Гоце Делчев, во центарот на градот, извести бугарската телевизија ТВ Нова.

Телевизијата јавува и дека полициска патрола во цивилно возило дежура пред објектот во Благоевград, во кој денеска ќе биде отворен македонскиот клуб „Никола Вапцаров“. Репортерот на бугарската ТВ Нова во јавувањето во живо известува дека на околните згради видливо се истакнати бугарски знамиња, што вообичаено се случува на државни празници, но, според репортерот,денеска е очигледна намерата да се испрати порака до тие што ќе присуствуваат на отворањето на македонскиот клуб!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.