Освен Музафер Ејупи во тепачката учествувале уште две лица на возраст од 32 и 53 години.

Објавил: Весна Петровска | 27 септември, 2019 22:51

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО)Македонски фудбалер БРУТАЛНО претепан во Хрватска – крвави рани на главата!

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

Македонскиот фудбалер Музафер Ејупи,кој моментално е играч на Славен Блупо, пред два дена физички се пресмета во Копривница со постар маж кој го нападна со метална шипка. Во таа прилика македонскиот интернационалец со албанско потекло, се здоби со тешки повреди по главата.

– Тој моментално се наоѓа на домашно лекување во својот стан во Копривница, каде се опоравува од тешкиот физички напад кој го доживеа пред два дена, објави неговиот клуб Славен Блупо.

Освен Музафер Ејупи во тепачката учествувале уште две лица на возраст од 32 и 53 години.

Македонскиот фудбалер крвнички претепан во Хрватска.

Причината за крвавиот инцидент најверојатно е поради паркинг место. Pолицијата најавува кривични пријави за учесниците во тепачката.

Музафер Ејупи (31) прво бил приведен поради тоа што учествувал во тепачка па потоа е ослободен.

– Постапувајќи во нужана одбрана, осомничениот 32 годишен ја зел металната шипка од 53 годишниот и му задал удари по главата и телото. Во физичаката пресметка со телесни повреди се здобил 53 годишниот , додека останатите двајца со лесни повреди, пишува во извештајот на полициата.

На Ејупи му е затворено десното око, има видливи поврди на челото, носот, устата и левото уво.

Ејупи е роден во 1988 година во Скопје. Настапуваше за Вардар, Металург, Шкендија, Осјек и Славен Блупо.

Изигра пет натпревари за младата репрезентација на Македонија и две утакмици за првиот тим на својата земја.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Инциденти

Меѓу демонстрантите имаше и попови, а на масовниот протест се извикуваа слогани и против Владата на Мицотакис, но и против новинарите.

Инциденти во Атина на протестот против вакцината и против задолжителната имунизација

Со инциденти меѓу полицијата и демонстрантите, со молотови коктели, солзавец и топови...