Србија е земја на храброст и таа секогаш ќе ги победи насилниците, напиша Вучиќ на Твитер, со фотографија која се гледа како игра шах, заедно со министерот за надворешни работи Стефановиќ.

Објавил: admin@magazin | 17 март, 2019 15:50

Вучиќ игра шах во кабинетот и баш му е гајле што во Србија се палат автомобили и кршат стакла во телевизии !

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Додека во Србија се палат автомобили, кршат стакла на врати од телевизии и рушат објекти, претседателот Вучиќ и министерот за внатрешни работи Небојша Стефановиќ, се релаксираат со играње на шах.

Претседателот на Република Србија Александар Вучиќ заедно со Министерот за Надворешни работи, Небојша Стефановиќ, денеска реши денот да го помине во својот кабинет играјќи шах, не замарајќи се за синоќешната ситуација во која имаше упад во зградата на РТС, во која имаше искршени стакла и оштетени објекти.

Тој на својот Твитер профил објави фотографија и напиша:

Во мојот кабинет мала пауза за краток одмор, после попладневните активности. Србија е земја на храброст и таа секогаш ќе ги победи насилниците, напиша Вучиќ на Твитер, со фотографија која се гледа како игра шах, заедно со министерот за надворешни работи Стефановиќ.

Група демонстранти и лидери на партии, вчера насилно влегоа во зградата на РТС и искршија стакла и оштетија неколку автомобили.

Неколку искршени стакла на телевизијата, и еден оштетен автомобил е билансот од синоќешниот упад во зградата на демонстрантите во националниот ТВ сервис во Србија РТС.

За вечерва се најавени нови протести во Белград, а денеска свое обраќање имаше и претседателот Александар Вучиќ.

Српската премиерка, Ана Брнабиќ најостро го осуди вчерашниот упад на демонстрантите во зградата на РТС и упати порака дека државата нема намера во иднина да толерира никакво насилство.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Инциденти

Меѓу демонстрантите имаше и попови, а на масовниот протест се извикуваа слогани и против Владата на Мицотакис, но и против новинарите.

Инциденти во Атина на протестот против вакцината и против задолжителната имунизација

Со инциденти меѓу полицијата и демонстрантите, со молотови коктели, солзавец и топови...