Задачата на заедничката меѓудржавна комисија не е да ги бара разликите и да ја докажува нашата вистина, туку да предлага и да утврдува датуми.

Објавил: Рејхан Бајрами | 18 јуни, 2019 0:19

Гоце дефинитвно загинал борејќи се за мајка Македонија

Фото/Текст извор: ©слободен печат

Некако ме чуди идејата на нашите да предложат датум за заедничко славење кој нема иманентно значење за ликот и делото на Гоце Делчев.

Последниве денови пред очите ми „одекнува“ еден ваков јавен дијалог:

Гоце е наш, нели! Ама и Бугарите велат дека е нивни. Лажат, лажат, маму им бугарску!

Ех, лажат, та ете предавал во бугарско школо во Штип.
Па што ако, немало македонско.
Но и самиот тој вели „ние Бугарите….“
Не, не ,не тоа е во смисла на државјанство, Гоце дефинитвно загинал борејки се за мајка Македонија.
И така во недоглед со децении и со векови. Тоа е бесконечна приказна која ниту досега ниту одсега ќе не доведе до вистината.
Затоа ние не можејќи да им ја докажеме нашата вистина ним, си ја докажуваме самите на себе.

Ќе бараме како и секогаш пропусти, предавници.
Тие исто така. И тие си имаат свои демони. За нив сега најголем предавник бил Ѓорѓи Димитров!!! Тој како што сметаат тие ги предал бугарските национални интереси кога во 1946 на 7ми октомври дозволил Бугарија да ги предаде Гоцевите посмртни останки на соседна Македонија. Зошто? Зашто бил комунист и му служел на режимот. Ако тераме така тогаш и Тодор Живков бил режимски владетел. Па ако не Димитров, ако не и Живков тогаш од кога почнува „вистинска“ Бугарија. Од вчера ли? Откако се овие на власт?

Токму заради ова и се случи договорот меѓу двете земји. За да престане тркалото на раздорот. Та и самиот Гоце за време на животот се движел и дејствувал на поширока територија одошто е сега тоа Македонија или пак Бугарија. Најмалку уште една Грција. Учел, студирал, револуционерствувал.

Да за Македонија, но во општествено политички услови на тоа време, на територија од тоа време, во културолошки, јазични и етнички рамки од тоа време. Оттаму и недоразбирањата сега, од ова време.
Затоа и задачата на заедничката меѓудржавна комисија не е да ги бара разликите и да ја докажува нашата вистина, туку да предлага и да утврдува датуми, настани и луѓе за кои постои „минимална“ толеранција и компромис. Да бара точка на допирање.

Некако ме чуди идејата на нашите да предложат датум за заедничко славење кој нема иманентно значење за ликот и делото на Гоце Делчев. Од се што направил и се залагал, па се до фактичките датуми на раѓањето и на смртта на великанот, тие се одлучија тоа да биде чинот на предавање на коските!!! Добро можеби се повеле од настан кој за тоа време бил од особено значење за нас. Се говори дека „ на патот меѓу Симитли и Петрич во едно село каде што населението беило од Кукуш, машко и женско, старо и младо, празнично облечени – легнале наземи кога лафетот поминувал покрај нив“.

Можеби сметале дека тогашната одлука на бугарската власт била претходник на договорот за добрососедство што се постигна сега, па мислеле дека и оваа бугарска власт ќе го прифати овој датум како континуитет на одлуките од нивниот претседател Ѓорѓи Димитров. Но, ете за жал сегашните, имаат поинакво мислење за тогашните.

Но да не заборавиме дека досега и тие и ние без проблеми си го одбележуваме 4 мај денот на погибијата на револуционерот Гоце. Зошто она што било традиција со години одделно да не ја преточиме во традиција заедно.
Да престанеме да лицитираме со националната идентификација на великаните од тоа време. Зашто знаете вистината е дека –
Нема Бугарин што би загинал за Македонија! Ни тогаш, ни сега!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Колумна

Ми се смачи веќе, кога ќе го читам името Никола Груевски со неговите статуси. Се до оној момент додека не го прифати таканаречениот "пржински договор" со кој доброволно се откажа од власта , ставав рака во оган за обој човек, бидејќи мислев дека е вистински патриот и заштитник на својот народ.

Груевски и Мијалков се виновниците поради кои денес лежат во затвор невини луѓе

Грешките кои ги направи Груевски кога не го притвори Зоран Заев и веднаш не го избрка...

Значи од 16 Министерства дури на 9 ( девет) се Албанци што произлегува дека од 25% ( доколку гласале сите гласачи ид 25% Албанци во Македонија) тие партипицираат дури со 60% или 220% повеќе од тоа што би било природно (25%) што е и договорено со таканаречениот Рамковен Договор.

Албанци декларирајте се како Македонци во Македонија

На фудбалските натпревари Македонија со Албанија да навивате за Македонија. Да ги...

Според последните статистики од 30 Април 2022 , Долгот на американската влада се зголеми за приближно 1,2 трилиони американски долари на годишно ниво на проценет вкупно околу 30,50 трилиони долари во 2021 година. За 2022 година, националниот долг на САД се предвидува да биде околу 31,83 трилиони американски долари.

Америка најзадолжената земја во светот, сеуште глуми супер нација со демократски вредности

Америка најзадолжената земја во светот сеуште глуми супер нација со демократски вредности. Американскиот...