Според неофицијалните податоци, повеќе од 500 илјади македонски државјани и лица со потекло од земјата живеат во странство.

Објавил: admin@magazin | 9 март, 2019 11:44

Дали знае Република Македонија да ја искористи својата дијаспора?

Фото/Текст извор: ©d.w.mk

Начинот на кој Ирска ја организираше својата дијаспора и ѝ пронајде место на домашниот пазар е пример за многу земји во светот. Што прави Македонија и постои ли стратегија да се искористи потенцијалот на иселениците?

Според неофицијалните податоци, повеќе од 500 илјади македонски државјани и лица со потекло од земјата живеат во странство. Македонија, но и речиси сите земји од Западниот Балкан, со децении стареат и ги губат младите, најчесто добро обучени, кадри.

Но, владите во регионот, вклучително и македонската, со години само ги евидентираат овие податоци и ветуваат мерки за спречување на одливот на мозоци. И толку.

Генерално, владее инерција во која македонската дијаспора е најгласна кога во татковината се одлучува за чувствителни политички прашања, а официјално Скопје возвраќа со повремени посети и средби на кои, најчесто, тема се политичките случувања во земјата – избори, референдум и сл. или поетски читања и игроорни дружења.

Според актуелните проценки, Македонија до средината на веков ќе загуби најмалку уште 10 проценти од своето население, а процентот на жители постари од 65 години ќе се искачи до 25 отсто.

На крајот на јануари годинава Европскиот совет за односи со странство објави студија на авторката Алида Врачиќ која се занимава со проблемот на емиграцијата од земјите на Западниот Балкан и нуди решение преку примерот на Ирска.

Клучната поента во неа гласи: високото ниво на емиграција предизвикува проблеми за државите, но и решенијата за многу од овие проблеми најчесто се наоѓаат во самата емиграција.

Дијаспората како шанса
Земјите од регионот, и Македонија тука не е исклучок, не сфаќаат дека дијаспората може да биде корисна за нивната иднина, а дури и кога имаат разбирање за тоа, им недостасуваат основни податоци според кои би можеле да изградат издржани политики.
Иселениците најчесто поседуваат уникатни вештини, но нивните мрежи, економско богатство и влијание, забележува Врачиќ, остануваат неискористени.

Празни куќи, пусти улици..

Наместо тоа, владите се фокусираат на дознаките кои стигнуваат од странство и се обидуваат истите да ги прикажат како некаков успех.
екперти предупредуват дека, не само за остварување на долгорочните социо-економски цели, туку и за иднината на земји како Северна Македонија, од клучно значење ќе биде искористувањето на потенцијалот на емиграцијата.

Според актуелните проценки, Македонија до средината на веков ќе загуби најмалку уште 10 проценти од своето население, а процентот на жители постари од 65 години ќе се искачи до 25 отсто.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Анализа

Така што, јас верувам дека ние до 2030 година можеме да бидеме членка на ЕУ, доколку ги донесеме одлуките коишто се очекуваат од нас. За тоа веќе постои поддршка и отворен прозорец од страна на ЕУ, рече Ковачевски.

Ковачевски мисли дека до 2023 Македонија ќе влезе во ЕУ

Можноста за поголем пристап на кандидатите за членство до европските фондови ја најави...

Гостиварскиот обвинител Ислам Абази кој е избран за нов шеф на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција е непознат за пошироката јавност. Од него тешко се наоѓа фотографија, а нема ниту биографија. Обвинителите немаа прилика од него да чујат ниту детали за тоа како планира да раководи со едно од најважните обвинителства во државата, кое треба да се справи со организираниот криминал и корупција.

Добивај вести на вибер
dobivaj vesti na viber
Според информации од „А1он“ кои ги добивме од неколку обвинители со право на глас, тој немал испратено ниту програма до нив. Во фелата важи за почитуван колега и обвинител. Има учествувано во изработка на низа закони.

За него постоеја шпекулации дека е кандидат на ДУИ. Тој никогаш не се огласи со став. Потекнува од Зајас, селото од каде е и лидерот на ДУИ, Али Ахмети. Новиот шеф, Абази, пријавил и дека неговото семејство поседува куќа во Зајас, исто како и Ахмети.



Според анкетниот лист поднесен во Државната комисија за спречување корупција, тој нема ниту куќа, ниту стан, ниту автомобил. Поседува само долгови и мотор. Од недвижнини, на име на неговите родители, има запишано стан во Кичево и куќата во селото на Ахмети. На свое име, има голф 4, кој го стекнал со купопродажба, вреден скоро пет илјади евра. Абази има и кредит oд четири илјади евра, кој го подигнал во 2009 година. Засега не е познато кога последен пат го ажурирал неговиот анкетен лист и дали има промени.

„А1он“ и вечерва се обиде да исконтактира со сега избраниот шеф, Ислам Абази. Го прашавме колку вистина има во тоа дека е кадар на ДУИ, дали се познава со Ахмети и дали остварувал средби, но и каде може да се види неговата програма доколку истата постои. Тој посочи дека изјава ќе даде утре, кога ќе допатува во Скопје.

„Во текот на утрешниот ден ќе дојдам во Скопје и ќе се договориме за изјава преку прес-службата на ЈОРСМ“, вели Абази за „А1он“, неодговарајќи на ниту едно прашање.

Инаку, Ислам Абази беше избран со 66 гласови, преку гласање на сите обвинители во Македонија. На второ место, со 64 гласови или два гласа помалку, заврши скопскиот обвинител Ермон Незири. Досегашната шефица Вилма Русковска доби петнаесетина гласови, а нејзината колшека Деса Пауновска имаше едноцифрен број на поддршка.

Кој е Ислам Абази, новиот шеф на Организиран криминал и корупција

Гостиварскиот обвинител Ислам Абази кој е избран за нов шеф на Обвинителството за...