На вчерашен ден пред точно 20 години Игор замина во легендите.

Објавил: Катерина Крстиќ | 21 февруари, 2020 11:44

Дваесет години без златното момче од „Светот на бајките“- Игор прерано го напушти овој свет

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Повеќе генерации го паметат Игор Маџиров – актерот со црвена коса, Могли – детето од џунглата, момчето што со калашников го пречека Раде Шербеџија во филмот „Пред дождот”…

На вчерашен ден пред точно 20 години Игор замина во легендите.

Актерот кој многу ветуваше на 20 февруари трагично го загуби својот живот.

На 20. 02. 2000 година животот си го одзема актерот Игор Маџиров. Игор имаше само 30 години кога почина…

Игор имал 101 изведба на претставата „Убавицата и ѕверот”, која воедно била и последната претстава што ја одиграл, осум часа пред неговата смрт на 20-ти февруари 2000-тата.
Во Театарот за деца и младинци, во периодот од 1993 до 2000 година Маџиров изиграл над 500 претстави.

Збогум соништа жанет жанет, таков е овој свет…
Кој што се родил сиромав клет, не е за кралски зет…

Ова е една од најубавите бајки од серијалот “Во Светот на бајките”, насловена -“Малиот Петар”, во која актерот Игор Маџиров, го освои срцето на принцезата уште пред да започне снимањето на приказната, стои во неговата биографија објавена на Наше Тетараче.

За смртта на актерот кружеа многу гласини, дел од нив вистинити дел од нив невистинити но причината за неговата прерана смрт се уште е неразјаснета. Маџиров имаше само 30 години кога во се уште нејасни околности си го одзеде животот скокајќи од балконот од неговиот стан, а единствен сведок на тој немил настан остана неговата тогашна девојка.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.