Договорот за добрососедство со Бугарија нов камен на сопнување

Објавил: Узунов Бобан | 6 февруари, 2019 7:39

ДИМИТРОВ: Тоа што Гоце Делчев е Бугарин не го одзема правото на Македонија да го слави како свој херој

Фото/Текст извор: ©магазин

Тоа што Гоце Делчев е Бугарин, дека е дел од нашата емоционална приврзаност кон борбите во Македонија, на некогашните националноослободителни борби, не го одзема правото на Република Македонија да го почитува и како свој херој. Ова не е преземање на личноста на Гоце Делчев, вели, професор Ангел Димитров, за бТВ.

Членот на Заедничката бугарско-македонска комисија за историските и образовни прашања рече дека следна средба ќе има на 19 и 20 февруари, на која ќе се обрне внимание на „заедничкото одбележување и прослава на личности и настани од нашата заедничка историја, кои да бидат навистина обединувачки“. На оваа средба, вели тој, ќе се види дали посетата на Зоран Заев во Софија е навистина политички знак на благодарност кон Бугарија и обид за соработка и зближување. 

Професорот Ангел Димитров е претседател на бугарската комисија основана врз основа на Договорот за добрососедство. Тој изјави дека ако Македонија не ги смени учебниците име неизвесна европска иднина

За претходната средба и околу постигнатиот договор за Самоил тој вели:

За цар Самуил со македонските колеги дојдовме до заклучок дека тој е претставник на бугарската владетелски традиција, но најголемиот проблем за колегите беше да признаат дека држава била бугарска. Тие многу сакаа да биде една имагинерна држава во која живеат многу народности, па да не се става национален знак. Ова е само обид да се разбие признавањето на историските факти, но тоа нее успеа, истакна професор Димитров.

За потпишаниот договор меѓу Грција и Македонија, професорот коментира дека кај нас проблемот е што има фундаментално разминување во интерпретацијата на минатото, додека за Грција историчарите во Македонија лесно можат да се откажат од некои непрофесионални претензии кон антиката.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести