Трамп во ОН: Како претседател на САД секогаш ќе ја ставам Америка на прво место. Исто како што и вие, како шефови на своите земји, секогаш ќе ги ставате своите земји на прво место.

Објавил: Едмонд Бекири | 17 октомври, 2018 0:01

Директна закана од асистент помошник државен секретар на САД кон Мицкоски!

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин.мк

Американскиот помошник-државен секретар, Вес Мичел, со притисок до лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, каде што наводно сака да каже дека САД се разочарани од позициите на челниците (лидерите) на ВМРО-ДПМНЕ како во однос на референдумот така во однос и на моменталните чекори во Собранието за промена на Уставот. Помошникот Секретар го повикува Мицкоски да создаде Можност, како во јавноста така и приватно, за пратениците од коалицијата да можат да одлучат како ќе гласаат за уставните промени, ослободени од закани од насилство, одмазда или друг облик на принуда.

Неодамна Претседателот Доналд Трамп се обрати во Обединетите Нации во Њујорк:

Доналд Трамп „Ние не сакаме да го наметнуваме нашиот начин на живот секому“. Но, САД сакаат да бидат светол пример.

Пред Генералното собрание на ОН во Њујорк, претседателот на САД Трамп порача: „Како претседател на САД секогаш ќе ја ставам Америка на прво место. Исто како што и вие, како шефови на своите земји, секогаш ќе ги ставате своите земји на прво место и тоа и треба да го правите“. Сите кои водат држави се должни да им служат на своите граѓани, порача Трамп.
Државниот суверенитет – за него Трамп говореше повеќе пати. Силните и независни држави можат да ги зајакнат ОН, вели тој. „Ние не сакаме да го наметнуваме нашиот начин на живот секому“. Но, САД сакаат да бидат светол пример. Мир, безбедност и суверенитет за сите држави во светот се важни цели, вели тој.

Ако Трамп вели дека лидерите треба секогаш да ги ставаат своите земји на прво место, како тоа тогаш нашите лидери не смеат да го прават истото? Зошто тогаш неговите „асистентчиња„ вршат невиден притисок и ја разгоруваат омразата на Македонците спрема Америка.
Дали му кажал некој на демократот Вес Мичел дека Референдумот во Македонија не успеа и дека моменталното расправање во Собранието е противуставно?

Во продолжение го писмото преведено на Македонски јазик:

Драг Христијан.

Како што веќе разговаравме, САД силно веруваат дека договорот од Преспа помеѓу Македонија и Грција е историска можност за Македонија да обезбеди посветла иднина и да придонесе кон регионалната безбедност, стабилност и просперитет. И покрај тврдењата дека можел да се постигне некаков подобар договор, ние не веруваме дека тоа е можно. Овој договор бараше компромис и од двете страни. Тоа е шанса што веројатно нема да се повтори со години ако не и со децении.

Нема да Ве изненади што ние сме разочарани од позициите на челниците на ВМРО-ДПМНЕ како во однос на референдумот така и во врска со чекорите во Собранието за промена на Уставот. Уште од осамостојувањето на Македонија, граѓаните од сите заедници и партии, вклучувајќи ја и Вашата, силно го поддржуваат пристапувањето на земјата кон НАТО и ЕУ.

Сега Собранието е на ред да го преземе следниот одлучувачки чекор. Ве поттикнуваме да создадете простор, во јавноста како и приватно, за да пратениците од Вашата коалиција можат да одлучат како ќе гласаат за уставните промени, ослободени од закани од насилство, одмазда или друг облик на принуда.

Ова е историски важен момент за Вашата земја, момент што бара храбро лидерство и зрелост. Како вистински пријател и поддржувач на Македонија, Ве поттикнуваме да ги тргнете настрана партиските интереси со цел унапредување на заедничките стратешки интереси и обезбедување посветла иднина за вашите граѓани во европското семејство народи.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести