Цените на бензините се намалија за половина денар, додека на екстра лесното масло за домаќинство се зголеми за половина денар!

Објавил: Владо Марин | 27 јули, 2020 13:11

Добра вест за возачите: Бензинот поевтинува

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Регулаторната комисија за енергетика ги соопшти новите цени на горивата кои ќе важат од полноќ.

Цените на бензините се намалија за половина денар, додека на екстра лесното масло за домаќинство се зголеми за половина денар.

Согласно новата одлука, ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе се продава по цена од 59,50 ден/лит, а ЕУРОСУПЕР БС-98 по цена од 61,50 ден/лит. Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ останува иста и ќе изнесува 53 денари за литар, а на Екстра лесното масло за домаќинство 53 ден/лит.

Се намали и цената на мазутот за 0,155 ден/кг и тој сега се продава по 26,060 ден/кг.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести