Гордана Силјановска преку личен пример на Правниот факултет ја почитува правичната застапеност

Објавил: Узунов Бобан | 18 април, 2019 10:00

Еве кој е асистентот Албанец на Гордана Силјановска на Правниот факултет во Скопје

Фото/Текст извор: ©магазин

На синоќешниот последен ТВ дуел на претседателските кандидати на АЛСАТ М водителите го поставија и прашањето за правичната застапеност на етничките заедници во администрацијата и општеството во целина. Гордана Силјановска одговори дека дала лична пример дека ја почитува правничната етничка застапеност. 

Асистент на Гордана Силјановска-Давкова на катедрата за уставно право и политички систем е Дениз Прешова кој важи за еден од најдобрите асистенти на Правниот факултет Јустинијан Први во Скопје, а како што кажа и Силјановска ќе биде и подобар професор од неа. На оваа катедра заеднички Силјановска и Прешова предаваат на студентите за донесување и менување на уставот; суверенитет
и владеење на правото; основните уставни права и слободи, изборните системи, меѓународни однос  и надлежностите на Претседател на Република Македонија. (фото: akademik.mk)

 

Јас за правичната и соодветна застапеност сум се погрижила да ја примена прво на мојата катедра, но не само раководена од припадноста етничка, туку покрај стручноста и компетентноста и зад себе ќе оставам подобар од мене професор. Сите знаат кој е не сакам да го споменувам. Правичната и соодветна застапеност е темелна вредност на уставниот поредок, но она што не постои во Македонија е закон за правична и соодветна застапеност. 

Ако нема департизација на етничката застапеност, правичната застапеност ќе биде узурпирана од партиските лидери и тогаш ниту најдобрите Албанци ниту најдобрите Македонци ќе бидат на најдобрите позиции-истакна Силјановска. 

Таа истакна дека во нејзиниот кабинет место ќе има и за жените Албанки, Ромки и сите други според својата стручност и компететност бидејќи според неа родовата застапеност е и битен елемент во рамноправноста. 

Дениз Прешова често пишува за уставното судство во Македонја и компаративно во светот и според него Уставниот суд во Република Македонија е најнереформираната институција во РМ.  Уставниот и Врховниот суд во Македонија, поред Прешова, сè уште работат според деловници донесени во 1992 и 1997 година. Деловникот на Уставниот суд од 1992 година е донесен  од последниот состав на Уставниот суд на Социјалистичка Република Македонија и до денес не е сменет ниту еднаш, додека пак, Деловникот на Врховниот суд од 1997 година е донесен според сега веќе непостоечкиот Закон за судовите од 1995 година.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Анализа

Така што, јас верувам дека ние до 2030 година можеме да бидеме членка на ЕУ, доколку ги донесеме одлуките коишто се очекуваат од нас. За тоа веќе постои поддршка и отворен прозорец од страна на ЕУ, рече Ковачевски.

Ковачевски мисли дека до 2023 Македонија ќе влезе во ЕУ

Можноста за поголем пристап на кандидатите за членство до европските фондови ја најави...

Гостиварскиот обвинител Ислам Абази кој е избран за нов шеф на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција е непознат за пошироката јавност. Од него тешко се наоѓа фотографија, а нема ниту биографија. Обвинителите немаа прилика од него да чујат ниту детали за тоа како планира да раководи со едно од најважните обвинителства во државата, кое треба да се справи со организираниот криминал и корупција.

Добивај вести на вибер
dobivaj vesti na viber
Според информации од „А1он“ кои ги добивме од неколку обвинители со право на глас, тој немал испратено ниту програма до нив. Во фелата важи за почитуван колега и обвинител. Има учествувано во изработка на низа закони.

За него постоеја шпекулации дека е кандидат на ДУИ. Тој никогаш не се огласи со став. Потекнува од Зајас, селото од каде е и лидерот на ДУИ, Али Ахмети. Новиот шеф, Абази, пријавил и дека неговото семејство поседува куќа во Зајас, исто како и Ахмети.



Според анкетниот лист поднесен во Државната комисија за спречување корупција, тој нема ниту куќа, ниту стан, ниту автомобил. Поседува само долгови и мотор. Од недвижнини, на име на неговите родители, има запишано стан во Кичево и куќата во селото на Ахмети. На свое име, има голф 4, кој го стекнал со купопродажба, вреден скоро пет илјади евра. Абази има и кредит oд четири илјади евра, кој го подигнал во 2009 година. Засега не е познато кога последен пат го ажурирал неговиот анкетен лист и дали има промени.

„А1он“ и вечерва се обиде да исконтактира со сега избраниот шеф, Ислам Абази. Го прашавме колку вистина има во тоа дека е кадар на ДУИ, дали се познава со Ахмети и дали остварувал средби, но и каде може да се види неговата програма доколку истата постои. Тој посочи дека изјава ќе даде утре, кога ќе допатува во Скопје.

„Во текот на утрешниот ден ќе дојдам во Скопје и ќе се договориме за изјава преку прес-службата на ЈОРСМ“, вели Абази за „А1он“, неодговарајќи на ниту едно прашање.

Инаку, Ислам Абази беше избран со 66 гласови, преку гласање на сите обвинители во Македонија. На второ место, со 64 гласови или два гласа помалку, заврши скопскиот обвинител Ермон Незири. Досегашната шефица Вилма Русковска доби петнаесетина гласови, а нејзината колшека Деса Пауновска имаше едноцифрен број на поддршка.

Кој е Ислам Абази, новиот шеф на Организиран криминал и корупција

Гостиварскиот обвинител Ислам Абази кој е избран за нов шеф на Обвинителството за...