Тој повтори дека Владата се обидела на различни начини да обезбеди поголеми количини вакцини за граѓаните на Република Македонија.

Објавил: Перо Милчин | 9 март, 2021 21:23

Заев: Во набавката на вакцини се чувствува недостаток во сите земји, имаме нарачано 2.350.000 вакцини од повеќе производители

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

„Ние не сме одбиле вакцини, туку баравме повеќе дополнителни официјални информации за вакцините, затоа што во септември минатата година сѐ уште траеше тестирањето на „Спутник В“. Одлуките ги носиме согласно нашите стратешки интереси. Одевме комплетно согласно европските закони и како земја-членка на НАТО, но подоцна се постигна согласност дека приоритет е јавното здравје и дека ќе се бараат вакцини и од други земји“, изјави премиерот Заев во Дневникот на ТВ Сител во врска со набавката на вакцини додавајќи дека речиси во сите земји и во Западен Балкан, освен во Србија, има недостаток на вакцини.

Тој повтори дека Владата се обидела на различни начини да обезбеди поголеми количини вакцини за граѓаните на Република Македонија.

Ако е проценката за еден милион граѓани да се вакцинираат во државата, тоа значи 2.000.000 вакцини, во моментот имаме платено 2.350.000 вакцини заедно со оние 800.000 нарачани од „Фајзер“, 800.000 нарачани по „Ковакс механизмот“, 200.000 имаме од Кина, 200.000 од  „Спутник В“, имаме дополнително од ЕУ некои 250.000, сите кога ќе ги соберете доаѓаат 2.350.000 и очекуваме наскоро да пристигнат“, повтори премиерот Заев, кој нагласи дека КОВИД кризата која трае повеќе од една година ја научи државата да дејствува во поглед на ублажување на последиците во поглед на економијата и обезбедувањето сигурен живот на граѓаните.

Премиерот Заев истакна дека со Грција и Бугарија Владата има одлични односи и дека во поглед на ветувањата овие држави ќе помогнат со вакцини, единствената причина што тоа не е сторено е тоа што добиле само 12 проценти од ветеното и немаат доволно количество за вакцинација ниту за своите народи.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Интервју

„Има документи, согласности, уснени согласности, телефонски разговори, за секој пациент докторите се должни да ги информираат. Ние први воведовме видеоконференција

Жан Митрев: Не се плашам од обвинение, ќе се докажувам и 100 години ако треба – никогаш не сум рекол дека хемофилтрацијата е лек

Неговиот вечерашен јавен настап во кој се бранеше од наводите во документарниот филм...

Зошто никој не зборува за германскиот предлог во времето на владата на Меркел, од нивното претседателство, каде исчезна тој?

Имам информации дека владата на Ковачевски го прифатила предлогот од Париз

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во вчерашното гостување во емисијата...

„Јас не се занимавам со економијата на семејството, колку пари кружеле… Добро е, дојдете еден ден кај мене дома, зборувајте со мојата сопруга“, рече Ахмети.

Ахмети не знае колку чини маслото за јадење: Зборувајте со сопругата, не се занимавам со економијата на семејството

Лидерот на ДУИ Али Ахмети во гостувањето во емисијата „Клик плус“ на ТВ21кажа дека...

Вели дека е подготвен во секој момент да седне на маса и да разговара за сите теми со Ковачевски, но на тие средби ќе мора да се разговара и за предвремени ибори.

Мицкоски: Немам намера никого да уценувам, подготвен сум во секој момент да седнам на маса

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски тврди дека блокадата на Собранието не е начин...