Премиерот Заев уште лани објави дека ќе добиеме датум.., за Евровизија!

Објавил: Мате Парлоф | 17 мај, 2019 10:46

Заев со реакција за пласманот на Тамара: Добивме датум за Евровизија!

Фото/Текст извор: ©магазин

По вчерашниот феноменален настап на Тамара на полуфиналната вечер со своја реакција, видно возбуден, се јави и премиерот Зоран Заев. Реакцијата на премиерот, во вид на фото-порака со кратка вест, ви ја пренесуваме во целост:

Bashkë për Tamara

Почитувани граѓани на нашата држава.

Уште лани, после средбата со Меркел, гордо ви најавив дека нашата држава ќе добие датум во јуни. Најголем дел од вас поверуваа, иако некои беа скептични заради сопките што дома ни ги поставуваат анти-западните сили, а од Париз ни ги ставаше Макрон. Но, и со него ја средивме работата. И не во јуни, еве добивме датум дури и месец порано, во Мај. Нашата земја со нашата прекрасна национална песна отпеана од Тамара доби датум за финалето на Евровизија. А претходно ни дојде и Папата Франциск, па еве уште на гости ни е и Принцот Едвард, а ви најавувам уште многу гости во нашата мила државичка. Така е кога се исполнети сите реформи дома, кога блескаме во светот, кога држиме лекција на Европа со европски манири и со европски вредности, и со европски начин на однесување во европскиот Тел Авив. Заедно напред!

Ваш, Зоран Заев

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Сатира

Министерството за транспорт и врски денес соопшти дека по долги консултации со експерти од министерството за здравство, донесена е одлука за затворање на новиот експресен автопат што ги поврзува Охрид и Кичево и стопирање на сите што патуваат по него.

Нови мерки против Ковид 19: Затворен автопатот Охрид – Кичево

Министерството за транспорт и врски денес соопшти дека по долги консултации со експерти...

Одговорност од прв до последен за сите што си ги мереле со Рената мора да има. За никој да не се дрзне утре да си го мери со Радмила!

Костадинов: Мицкоски да каже кои ВМРОвци си го мереле со Рената Дескоска!

Борецот за правда и антикорупција, Костадин Костадинов Манулач, кого цел регион го...