По исмејувањето на Каракачанов, и европратеници на ГЕРБ, партијата на бугарскиот премиер Бојко Борисов со идентички ставови, Македонија е творба на Југославија и Тито

Објавил: Мирко Бачиќ | 10 декември, 2018 5:58

И европратениците на Борисов сметаат дека сме Бугари, му кажале и на Заев и на Димитров

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

По бугарскиот вицепремиер и министер за одбрана Красимир Каракачанов, со забелешка за македонско бугарските односи се јави европратеникот Андреј Ковачев од партијата ГЕРБ на премиерот Бојко Борисов.

Ковачев со порака дека Македонија треба да биде во НАТО, дека треба да се почитува Договорот за пријателство меѓу двете земји, но и дека нема компромиси за некои историски факти.

Македонија треба да биде во НАТО. Договорот со Бугарија исто така треба да се почитува.

Историските извори од минатите векови докажуваат дека стотици години до 1944 година во географската област Македонија бугарскиот етнички елемент бил доминантен и луѓето се самоопределувале како Бугари.

Цар Самуил е бугарски цар на бугарското царство. Григор Прилчев е Бугарин. Нема можност за маневрирање, компромиси или какво било друго превртување.

Сегашното самоопределување како етнички Македонци на дел од граѓаните на Република Македонија е исто така факт, кој што треба да се почитува, но не може да се дозволи подбивање со нашите предци. – коментира Ковачев.

Бугарската ТВ Европа го пренесува ставот и на Каракачанов и на Ковачев, но јавува и дека Ковачев телефонски разговарал и со премиерот Зоран Заев и со министерот за надворешни работи Никола Димитров и апелирал „Скопје да се придржува до историските факти”.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Европа

- Русија мора да биде принудена да го почитува меѓународното право и да престане со агресивните активности и активности насочени кон монополизирање на енергетската ситуација во Европа. Додека не го направат тоа, нема да бидат партнер, прво треба да се однесуваат како нормална држава. Тие сакаат да го прошират своето влијание, а денеска разговарав со Ѓукановиќ за тоа. За агресијата во Украина, обидите за дестабилизација на ситуацијата во БиХ, Косово... Треба да го запреме тоа и тоа беше тема на разговорот и пред се прашањата што му ги поставив на претседателот како личност која ја познава политиката во регионот и ја знае ситуацијата совршено, во најситни детали - рече тој е Дуда.

Ѓукановиќ вели дека сме сведоци на значителен пустош на општествата од Западен Балкан.

- Ова е последица на отсуството на попроактивна политика за проширување на ЕУ, но и искористување на тој простор од деструктивната политика на Русија. Мислам дека тоа е нешто што не обврзува да се обидеме да го спречиме идното оддалечување на регионот од евроатлантскиот автопат. Русија се обидува да ги врати правилата на политиката на Студената војна преку ревизија на историјата и да го искористи правото да одлучува за судбината на другите - смета Ѓукановиќ.


Тој смета дека Европа минува низ историски тест.

- Или ќе го запреме агресорот и потоа ќе го казниме со политичката и правната казна што следува по тој што убива народ. Или ќе им ја отвориме вратата на идните агресори. Затоа мислам дека ова е историско судење - посочува Ѓукановиќ.

Ѓукановиќ бара казна за Русија: Или Европа ќе го запре агресорот или ќе ги отвориме вратите за идните агресори

Правото што Црна Гора го бараше со враќање на независноста и слободно избирање на својот...

Меѓу самостојните надлежности во Швајцарија спаѓаат здравството, социјалата, редот и мирот и образованието, и данокот.

Сите зборуваат за Швајцарија а многу малку знаат за Вестфалскииот мир

Швајцарија е поделена на 26 кантони — сојузни единици што ја сочинуваат државата. Од...