Премиерот Зоран Заев со сопругата и децата, новата година ќе ја пречека во Германија. Таму семејството Заеви ќе бидат гости кај свои пријатели.

Објавил: Весна Петровска | 30 декември, 2019 15:26

КАКО ПОЛИТИЧАРИТЕ ЈА ПРОСЛАВУВААТ НОВАТА ГОДИНА: Ѕирнете во приватноста на пратениците и министрите!

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

Ја пречекуваме новата 2020-та година. Се прават подготовките, едни спремаат храна за дома, други ќе прослават во ресторан или кафеана.

Некои од нас остануваат во Македонија, други заминуваат во странство.

КУРИР побара одговори од македонските политичари за тоа каде и со кого ќе прославуваат во моментот кога се испраќа старата, а се дочекува новата година.

Најголемиот дел од политичарите со кои стапивме во контакт претстојните празници ќе ги слават во домашна атмосфера. Новата година секој од нив ќе ја дочека со семејството во домот, а само премиерот и еден министер заминуваат во странство.

Премиерот Зоран Заев со сопругата и децата, новата година ќе ја пречека во Германија. Таму семејството Заеви ќе бидат гости кај свои пријатели.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски прославата ќе ја направи во семејна атмосфера со сопругата и децата. Новата година ќе ја прослави и заедно со долгогодишен пријател и неговото семејство.

Министерот за образование и наука, Арбр Адеми прославата ќе ја направи дома и новата 2020-та ќе ја дочека со своето семејство.

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев утрешната ноќ ќе ја помине во својот дом. Новата година ќе ја дочека и прво ќе си ја честита со своето семејство-сопругата и двата сина.

Министерот за внатрешни работи и иден премиер во техничката Влада, Оливер Спасовски како и изминативе години, новата година ќе ја прослави дома, заедно со семејството.

Александар Кирацовски од СДСМ ќе биде домаќин на семејната прослава за дочек на новата година. Со сопругата и двата сина, но и со пошироката фамилија ќе слават во домашна атмосфера во неговиот дом.

Пратеничката и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Ане Лашкоска утре ќе ја дочека новата година заедно со пријателите од поголемо друштво.

Во Германија со семејството, исто како и премиерот Зоран Заев, новата година ќе ја дочека министерот за здравство, Венко Филипче.

Благица Ласовска, претседателката на Унија на жени на ВМРО-ДПМНЕ, новата година ќе ја дочека дома со своето семејство.

КУРИР побара информација од повеќе министри, но од дел од нив одговори не добивме за тоа каде ќе ја прослават новата година.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.