Се поставува прашањето како е правно можно она што е објавено во Службен весник да биде ставено на чекање, или одложено да влезе во сила со Уставен закон КОЈ Е ВЕЌЕ ВЛЕЗЕН ВО СИЛА?

Објавил: Македонка Димкин | 13 јануари, 2019 18:17

Каракамишева: Одродената власт и натаму создава правен хаос во земјата и го крши Уставот.

Фото/Текст извор: ©Магазин

Со изгласувањето на уставните амандмани во правниот систем СЕ СОЗДАДЕ НОВА ПРАВНА КАША-ПОПАРА. А и ништо друго не можеме да очекуваме од нив, нели?

Понатаму на својата Фејсбук страница професорката пишува:
» Она што можам да го гарантирам во врска со нашата правна борба е дека нема да им влеземе во хаосот што намерно го создадоа, и нема да бидеме жртва на нивната налудничава спирала на незаконитост.

Замислете, ги објавија уставните амандмани и Уставниот закон за спроведување на уставните амандмани во “Службен весник”, и иако согласно чл.52 од Уставот со објавувањето истите веднаш влегуваат во правна сила, власта со нивните познати шибицарски финти повторно го избербати Уставот.

За што конкретно станува збор? Мало појаснување.

Во едно кратко интервју за Магазин, а во врска со изјавата на Заев дека не треба потпис од претседателот Иванов еве што ни одговори Каракамишева: Собранието ги донесува и ги прогласува уставните амандмани, доволен е потпис на Џафери Има и второ толкување според кое секој билатерален договор склучен меѓу властите на две земји согласно Виенската конвенција за договорното право важи односно може да произведува правни дејствија и без негова ратификација.
Точно е дека кај нас се бара да стапи на сила законот за ратификација на преспанскиот договор за да може да биде дел од внатрешниот правен поредок, но да не заборавиме дека Привремената спогодба исто така не беше ратификувана од Грчкиот Парламент па пак беше валиден договор затоа што меѓународното право го дозволува тоа.
Практично има две толкувања, и двете се точни.
Мора да се бориме,
ништо не е изгубено кога се работи за лични права

Уставниот закон за спроведување на уставните амандмани кој им е божем некоја рампа за спроведување на уставните амандмани е исто така објавен во “Службен весник” што значи дека и тој влегува во правна сила со моментот на неговото објавување во Службен весник исто како и уставните амандмани.

Правната дубара што ја смислија “јакиве” правници е што во Уставниот закон утврдиле дека амандманите од бр.33 до бр.36 ќе ВЛЕЗАТ ВО СИЛА со влегувањето во сила на Конечната спогодба меѓу страните и ратификација на Протоколот за пристапување во НАТО од Првата страна.

Каде е правната небулоза и каде е флагрантното кршење на Уставот во чл. 1 од Уставниот закон?

Во Уставот јасно стои дека влегувањето во сила на уставните амандмани и на уставниот закон за спроведување на уставните амандмани е со нивното ОБЈАВУВАЊЕ ВО СЛУЖБЕН ВЕСНИК.

Ова значи дека уставните амандмани и уставниот закон по нивното објавување во Службен весник се влезени во сила согласно чл. 52 од Уставот.

Се поставува прашањето како е правно можно она што е објавено во Службен весник да биде ставено на чекање, или одложено да влезе во сила со Уставен закон КОЈ Е ВЕЌЕ ВЛЕЗЕН ВО СИЛА?

Прашањето е: што е поважно во уставно-правна смисла, чл. 52 од Уставот, или чл. 1, став 1 од Уставниот закон за спроведување на амандманите?
Како е можно Уставен закон да има повисока правна сила од Уставот и да е над Уставот?
Какво е ова класично мајтапење со Уставот и изигрување со правото во земјата?

Уште што може да очекуваме од вас, предавници?
» им се обрати на крајот Тања Каракамишева на актуелната власт!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Правник

Во 2008 та година судот му одреди 20 години затвор за грозоморниот напад врз полициските Алфи што се случи во ноември истата година на паркингот пред ПМФ. Во нападот загина еден припадник на Алфите, еден остана доживотен инвалид а третиот има намалена деловна способност.

Судот ја укина доживотната казна на Алмир Дрпљанин за нападот на Алфите кај ПМФ

Денеска судот ја укина доживотната затворска казна за еден од најозлогласените криминалци...

Во вчерашната емисија „Што не е јасно?“ на „Алфа“, лидерот на Алијанса за Албанците Зијадин Села потври дека премиерот Зоран Заев пред извесно време му понудил да го замени Али Ахмети и ДУИ и неговата партија да стане дел од власта.

СЕЛА ОТКРИВА – Заев ми понуди да го заменам Али Ахмети- но јас ОДБИВ

Села откри дека премиерот Зоран Заев му понудил да го замени ДУИ, но тој не прифатил. Во...

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција денес соопшти дека е поднесено обвинение за три слица во овој случај.

Најмалку 3 години затвор за делото за кое е обвинета Јанева

Казна затвор од најмалку три години пропишува кривичниот закон за делото за кое е обвинета...