-Буквално вчера тие одбија да работат во заедничката комисија. Тие го слават
националниот празник на 11 Октомври против таканаречениот „бугарски окупатор“ – изјавил Каракачанов во интервјуто.

Објавил: Владо Марин | 20 октомври, 2020 23:29

Каракачанов против Македонија: Ќе испратам полк во Скопје да ги отстрани спомениците(ВИДЕО)

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Министерот за одбрана и вицепремиер Красимир Каракачанов, кој во интервју за бугарското радио „Дарик“ испрати заканувачки пораки дека ако е потребно во Скопје ќе го испрати инженерскиот полк за да отстрани дел од спомениците што побргу или пак младинската организација на неговата партија ВМРО тоа да го стори во вечерните часови.

-Буквално вчера тие одбија да работат во заедничката комисија. Тие го слават
националниот празник на 11 Октомври против таканаречениот „бугарски окупатор“ – изјавил Каракачанов во интервјуто.

Ништо ново од овој бугарски политчар, кој во пресрет на парламентарните избори во Бугарија закажани за почетокот на идната година уште одсега почнува да си го билда рејтингот со националистичка и негаторска реторика.

Аналитичарот Ивор Мицковски, се огласи со коментар за изјавата на бугарскиот министер за одбрана, Красимир Каракачанов, дека ќе испрати екипи во Македонија за да рушат споменици што не соодветсвуваат со бугарското гледиште за историјата.

Во својата објава, Мицковски објавува слика од спмен-плоча за народниот херој, Васил Антевски – Дрен, кој во 1942 година е обесен во затвор во Софија

Случајно ми се најде меѓу слики една спомен плоча која ми делува многу историски точна, па би го поканил Каракачанов да го прати инженерскиот полк да проба да го сруши – порача Мицковски.

Бугарскиот министер за одбрана Красимир Каракачанов веќе два дена е во самоизолација откако се дознало дека командантот на бугарските воени воздухопловни сили, генерал Димитар Петров, е заразен со коронавирус.

Министерството за одбрана информира дека Каракачанов вчера направил ПЦР-тест, чиј резултат бил негативен. За денеска е предвиден втор тест и доколку и тој е негативен Каракачанов ќе излезе од изолација.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести