Двојката возбудливо го брои времето до доаѓањето на нивното четврто дете.

Објавил: admin@magazin | 14 мај, 2020 18:28

КЕЈТ МИДЛТОН ЧЕКА ЧЕТВРТО ДЕТЕ? Извор од кралското семејство прозборе за кралскиот пар!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Британскиот кралски пар може да стане побогат за нов член. Сопругата на принцот Вилијам, Кејт Мидлтон (38), наводно, свети од среќа затоа што останала бремена за време на изолацијата.

Двојката возбудливо го брои времето до доаѓањето на нивното четврто дете, на кое ќе им се придружи шестгодишниот принц Џорџ, петгодишната принцеза Шарлот и двегодишниот принц Луис.

„Веќе некое време, ми се чини дека Кејт сака четврто дете и верувам дека нејзините шанси за реализација на таа желба се зголемени многу за време на нејзината изолација“, рече коментаторот.

Принцот Вилијам и Катерина Мидлтон се вериле во октомври 2011 година во Кенија, Источна Африка, за време на десетдневно патување во засолништето за диви животни Лева за да го прослават завршувањето на военот курс за спасување на Вилијам. Кларенс Хаус ја објави свршувачката на 16 ноември 2010 година. Двојката се венча на 29 април 2011 година во Вестминистерската опатија, (денот на Св. Катерина) а тој ден беше прогласен за неработен ден во Обединетото Кралство.

Свадбата ја гледаа повеќе од два милијарди луѓе.

Катерина, Војвотка од Кембриџ (родена како Кетрин Елизабет Мидлтон на 9 јануари 1982 година, позната како Кејт) е сопруга на принцот Вилијам, Војвода од Кембриџ. Вилијам е втор по ред за да го наследи тронот од шеснаесет независни држави и нивните прекуморски територии здружени во сојузот Комонвелт и ако тој стане крал таа ќе стане сопруга на кралот. Детството го поминала во Чејпл Ров во Баклбери, село во близина на Беркшир, Англија. Таа студирала во Шкотска на универзитетот Св. Ендрјус каде го запознала принцот Вилијам во 2001 година. Тие започнале романтична врска и таа продолжила до 2007 година кога раскинале неколку месеци. Сепак, тие продолжиле да бидат пријатели и ја разгореле нивната врска подоцна истата година.

На 22 јули 2013 г. принцезата Катерина и принцот Вилијам го добиле своето прво дете — Џорџ, Принцот од Кембриџ, а на 2 мај 2015 г. и второто — Шарлота, Принцезата од Кембриџ. На 23 април 2018 г. е роден и вториот син — Луис.

Катерина била родена во Рединг на 9 јануари 1982, а крстена на 20 јуни 1982 година во Св. Ендрус Бредфилд, во Беркшир.

Таа е најстарото дете од трите деца на Керол Елизабет Мидлтон (моминско Голдсмит), поранешна стјуардеса а сега партнер во приватната компанија Додатоци за забава (Party Pieces) која што има проценета вредност од 30 милиони фунти и Мајкл Френсис Мидлтон, кој исто така работел како стјуард пред да стане пилот за авионската компанија Бритиш Ервејс, а сега сопственик на компанијата Додатоци за забава.

Нејзините родители се венчале на 21 јуни 1980 година во Парохиската црква во Дорни, Бакингамшир, а во 1987 година ја основале компанијата за производство и продажба на производи и украси за забави. Катерина има сестра, Филипа Шарлот, позната како Пипа (родена во 1983 година) и брат Џејмс Мидлтон (роден во 1987 година).

Семејството се пожали дека Пипа и мајка и биле вознемирувани од страна на медиумите откако почнаа ангажманите на Катерина.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.