Костадин Костадинов (познат како Манулач) е еден од најревносните борци против непотизмот во Северна Македонија

Објавил: Мате Парлоф | 28 февруари, 2019 12:58

Костадин Костадинов со повик до Никола Димитров заедно да се борат против непотизмот!

Фото/Текст извор: ©магазин

Костадин Костадинов (Манулач) е еден од најревносните борци против непотизмот во Северна Македонија. Денес одржа прес конференција пред МНР и упати категорична и бескомпромисна порака до министерот Никола Димитров:

Господине Димитров, тоа што сте министер во владата на прозападниот премиер Заев не ве штити од одговорноста да покажете личен пример во борбата против непотизмот во Северна Македонија. Бидете доблесен и уште денес повикајте ја вашата ќерка Јана Димитрова да ја врати стипендијата од 40.000 евра што ги доби во експресна еднодневна постапка од комисијата во министерството за образование. Ако можев јас со мајка ми, можете и Вие со ќерка ви! Исто така, барам од Вас да побарате од вашата внука од сестра, Дафина Џепаровска, да се симне на местото соработник во министерството за култура, каде во јануари оваа година по ваша ургенција направила скок од 5 звања нагоре и станала помошник раководител на сектор за ЕУ интеграции. Господине министер Никола Димитров, бидете паметен, како што сте убав. Ајде да се бориме заедно. Ваш, Костадин.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Сатира

Министерството за транспорт и врски денес соопшти дека по долги консултации со експерти од министерството за здравство, донесена е одлука за затворање на новиот експресен автопат што ги поврзува Охрид и Кичево и стопирање на сите што патуваат по него.

Нови мерки против Ковид 19: Затворен автопатот Охрид – Кичево

Министерството за транспорт и врски денес соопшти дека по долги консултации со експерти...

Одговорност од прв до последен за сите што си ги мереле со Рената мора да има. За никој да не се дрзне утре да си го мери со Радмила!

Костадинов: Мицкоски да каже кои ВМРОвци си го мереле со Рената Дескоска!

Борецот за правда и антикорупција, Костадин Костадинов Манулач, кого цел регион го...