петок, 26 април 2024

MK/ EN/ DE



Со тоа до крајот на 2019 година сите оние работат во приватни фирми, мора да добијат регрес за годишен одмор.

Објавил: Катерина Крстиќ | 6 декември, 2019 9:58

К15 до крајот на месецов- казни за газдите кои нема да го почитуваат законот

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

И оваа година работниците во приватниот сектор имаат задолжително право на исплата на регрес за годишен одмор – популарно познат како К-15.

Според пресметките, годинава К-15 ќе изнесува, почнувајќи од минимални 9.610 денари до 14.090 денари.

За оние кои не се запознаени, пресметката за К15 се прави според 40 отсто од износот на просечната нето плата исплатена во последното тромесечје поточно 40 отсто од износот на просечната бруто плата во тримесечниот период.

Законската обврска за исплата на регрес за одмор беше укината во 2005-та и по девет години, со последните измени на Општиот колективен договор за приватниот сектор, повторно се воведе во 2014-та.

Но за еден вработен во приватна фирма да може да добие регрес за годишен одмор или К 15 мора да исполнува неколку услови. Потребно е вработениот да бил на служба во фирмата најмалку шест месеци во календарската година за која ја добива исплатата..

Право на К-15 има секој вработен еднаш во годината.

Фирмите имаат рок до 31 декември 2019 година за исплата на К-15, во спротивно следува казна од 2.000 до 3.000 евра која би ја платило правното лице и 500 до 1.000 евра за одговорното лице .

Фирмите имаат рок до 31 декември 2019 година за исплата на К-15, во спротивно следува казна од 2.000 до 3.000 евра која би ја платило правното лице и 500 до 1.000 евра за одговорното лице .

Но и покрај тоа што се донесени сериозни парични казни, дел од газдите си поигруваат со исплатата. Најчестата злоупотреба е префрлање на парите на трансакциска сметка, но со обврска работникот да ги му ги врати на газдата во кеш.

Луѓето се плашат за своето работно место, па често пати го прифаќаат и ваквиот услов.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Економија

Треба да се нагласи дека во сите споменати земји минималната законска граница за пензионирање обично е повисока од 65 години и е во процес на зголемување.
Во Германија – првиот сосед на Франција – се погласни се барањата за работа до 70 години.

Возраста за пензионирање во Германија постепено се зголемува – од 65 на 67 години, што треба да се случи до 2031 година.

Колкави се пензиите во Европската унија, а колкави во регионот?

Франција е земја со втора најголема јавна потрошувачка за пензии во ЕУ, зад Грција...

Станува збор за прецизирање на одлуката за повластена стапна што Владата ја донесе на 28 септември, но минатата недела се создаде конфузија откако дел од производите што беа опфатени со оваа мерка се најдоа и на листата од околу 1 000 продукти за кои ДДВ-то се зголеми од пет на 10 проценти како „луксузни производи“.

Основните прехранбени производи остануваат со повластен ДДВ од пет отсто

Основните прехранбени производи остануваат со повластена стапна на данок на додадена...


Ние користиме колачиња за да ја подобриме практичноста на веб-страницата. Со вашата посета се согласувате со ова.