Најпознатиот бегалец кој успеа да го надитри Оливер Спасовски е сепак Никола Груевски, политичарот врз кого и Спасовски и Заев ја изградија својата политичка кариера, кого го нарекуваа “режим“ и за кого збореа дека ќе добие заслужена казна.

Објавил: Данаил Михајловски | 18 јануари, 2019 6:37

Министер за „бегалци на правдата„!

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Оливер Спасовски е фаворитот на Заев за претседателските избори. Но, министерот Спасовски е исто така фаворит и на многу прекршители на законот, кои во неговиот мандат лесно и бегаат и на правдата, и на државата. МВР на моменти личи на швајцарско сирење, а дел од јавноста смета дека Спасовски е најодговорен за тоа и дека треба да си поднесе оставка.

Дилемата е дали неуспешен министер за внатрешни работи, може да биде успешен кандидат за претседател на државата?

Раде Т., познат криминалец од подземјето на Скопје, беше споменат како нарачател на убиството, задолжен меѓу другото и за рекет на поимотни бизнисмени, во моментот на убиството на Мартин Јанушев беше еден од оперативците на агенцијата за обезбедување “Омерта“, која според повеќе информации во јавноста важи за блиска до Вице Заев.

Јавноста се сеќава на свирепото убиство на младиот фудбалер Мартин Јанушев, крајот на 2017 година, пред неговата зграда во Аеродром. Тогаш медиумите шпекулираа дека убиецот и нарачателот се дел од агенцијата за обезбедување “Омерта“, блиска до Вице Заев, а биле вклучени во поделбата на градските зони за рекет во Скопје.

На социјалните мрежи посочен беше Раде Т., дел од екипата на “Омерта“, а како директен егзекутор по негова нарачка бил Филип С. Кобра, осуденик кој власта го пуштила од затвор. Убиството се сметаше како порака до братот на младиот Јанушев, кој е дел од МВР и искрено се борел против криминалните банди во Скопје. Како и да е, убиецот и ден денес е во бегство, а Министерот Спасовски делува неуверливо кога одговара на оваа тема. Се зборува дека луѓе од структурите на МВР му овозможиле да избега, и дека моментално се наоѓа во Србија.

Никола Бошковски и Горан Грујевски беа високи началници во УБК, обвинети во случајот “Таргет“ за масовно прислушкување, сега бегалци и политички азиланти во Грција. Се шпекулира дека тие имаат голем дел компромитирачки материјали и за луѓе од актуелната власт и дека тоа им бил “џокерот“ за така елегантно заминување од државата.

Раде Т., познат криминалец од подземјето на Скопје, беше споменат како нарачател на убиството, задолжен меѓу другото и за рекет на поимотни бизнисмени, во моментот на убиството на Мартин Јанушев беше еден од оперативците на агенцијата за обезбедување “Омерта“, која според повеќе информации во јавноста важи за блиска до Вице Заев.

Другите две “крупни риби“ кои му избегаа на министерот Спасовски од мрежата на МВР се и Горан Грујовски и Никола Бошковски, поранешни високи чиновници во УБК, кои на судење преку СЈО, за случајот со масовното прислушкување. И двајцата многу лесно пребегаа во Грција, а без поголеми тешкотии таму добија и политички азил, а министерот Спасовски даваше помалку смешни изјави дека “не треба да се плашат да се вратат во државата“.

Последното бегство е она на Никола Војминовски, осуден на 13 години за обид за убиство на лидерот на партијата “Алијанса“, Зијадин Села, во текот на нередите во Собранието од 27ми април 2017. И за ова бегство првиот човек на МВР ја префрла одговорноста на судот и/или обвинителството, но нема политичка храброст да ја превземе одговорноста врз себе.

Најпознатиот бегалец кој успеа да го надитри Оливер Спасовски е сепак Никола Груевски, политичарот врз кого и Спасовски и Заев ја изградија својата политичка кариера, кого го нарекуваа “режим“ и за кого збореа дека ќе добие заслужена казна.

Сепак, јавноста има дилема, како толку лесно Груевски избегал за Унгарија, и зошто власта остави три слободни дена после изречената пресуда и не го бараше да му го достави решението за отслужување на казната. И подржувачите на СДСМ, како што е Проф. Фрчкоски, изјавија дека МВР и министерот Спасовски не можеле и не смееле да не знаат каде е Груевски во секој момент, бидејќи бил осудено лице со одземен пасош, а тоа е доволна индиција за можно бегство.

И за ова бегство министерот Спасовски најави брза истрага и отчетност пред јавноста, но и по два месеци од бегството на Груевски, нема ништо од истрагата. Голем број на јавни личности побараа и оставка од министерот Спасовски.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Анализа

Така што, јас верувам дека ние до 2030 година можеме да бидеме членка на ЕУ, доколку ги донесеме одлуките коишто се очекуваат од нас. За тоа веќе постои поддршка и отворен прозорец од страна на ЕУ, рече Ковачевски.

Ковачевски мисли дека до 2023 Македонија ќе влезе во ЕУ

Можноста за поголем пристап на кандидатите за членство до европските фондови ја најави...

Гостиварскиот обвинител Ислам Абази кој е избран за нов шеф на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција е непознат за пошироката јавност. Од него тешко се наоѓа фотографија, а нема ниту биографија. Обвинителите немаа прилика од него да чујат ниту детали за тоа како планира да раководи со едно од најважните обвинителства во државата, кое треба да се справи со организираниот криминал и корупција.

Добивај вести на вибер
dobivaj vesti na viber
Според информации од „А1он“ кои ги добивме од неколку обвинители со право на глас, тој немал испратено ниту програма до нив. Во фелата важи за почитуван колега и обвинител. Има учествувано во изработка на низа закони.

За него постоеја шпекулации дека е кандидат на ДУИ. Тој никогаш не се огласи со став. Потекнува од Зајас, селото од каде е и лидерот на ДУИ, Али Ахмети. Новиот шеф, Абази, пријавил и дека неговото семејство поседува куќа во Зајас, исто како и Ахмети.



Според анкетниот лист поднесен во Државната комисија за спречување корупција, тој нема ниту куќа, ниту стан, ниту автомобил. Поседува само долгови и мотор. Од недвижнини, на име на неговите родители, има запишано стан во Кичево и куќата во селото на Ахмети. На свое име, има голф 4, кој го стекнал со купопродажба, вреден скоро пет илјади евра. Абази има и кредит oд четири илјади евра, кој го подигнал во 2009 година. Засега не е познато кога последен пат го ажурирал неговиот анкетен лист и дали има промени.

„А1он“ и вечерва се обиде да исконтактира со сега избраниот шеф, Ислам Абази. Го прашавме колку вистина има во тоа дека е кадар на ДУИ, дали се познава со Ахмети и дали остварувал средби, но и каде може да се види неговата програма доколку истата постои. Тој посочи дека изјава ќе даде утре, кога ќе допатува во Скопје.

„Во текот на утрешниот ден ќе дојдам во Скопје и ќе се договориме за изјава преку прес-службата на ЈОРСМ“, вели Абази за „А1он“, неодговарајќи на ниту едно прашање.

Инаку, Ислам Абази беше избран со 66 гласови, преку гласање на сите обвинители во Македонија. На второ место, со 64 гласови или два гласа помалку, заврши скопскиот обвинител Ермон Незири. Досегашната шефица Вилма Русковска доби петнаесетина гласови, а нејзината колшека Деса Пауновска имаше едноцифрен број на поддршка.

Кој е Ислам Абази, новиот шеф на Организиран криминал и корупција

Гостиварскиот обвинител Ислам Абази кој е избран за нов шеф на Обвинителството за...