Владата демантира дека министерот понудил оставка од морални причини

Објавил: admin@magazin | 13 април, 2019 19:46

„Морбилите“ не се причината поради која Филипче понудил оставка !?

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Порталот Магазин денеска дојде до информација од Министерството за здравство, од извор кој инсистираше да не биде именуван, дека ресорниот министер Венко Филипче, чувствува морална одговорност заради долгото 4-месечно траење на епидемијата на морбили и големиот број на човечки жртви (досега 30 починати) и поради тоа во разговор со премиерот Заев му ја понудил својата оставка.

Сепак, во демантот од Министерството за здравство ја демантираат оваа информација и негираат дека намерата на министерот Филипче да поднесе оставка од морални причини, а во врска со епидемијата на морбили која се прошири во Скопје, Тетово, Гостивар, Куманово, Гевгелија, Штип, Кичево и Прилеп, и во моментов има зафатено околу 1.000 заболени со оваа опасна заразна болест. 

И самиот министер на својот Фејсбук профил ја демантираше оваа информација, потенцирајќи дека ниту имал, ниту има намера да даде оставка.

Бројот на заразени со малите сипаници денес изнесува 1004 лица, а најновата информација дека бремена жена, заболена од морбили го загуби бебето во шестиот месец од бременоста, посебно ја потресе јавноста и јави соммнеж и страв кај трудниците и скоро породените жени.

На Инфективна клиника во моментов на болничко лекување се две бремени жени со морбили, од кои едната е во 9-ти месец, пред породување. Покрај нив хоспитализирани се уште 42 пациенти со ова заразно заболување. 

Освен Скопје, критична е бројката на заразени во Куманово, Тетово, Струга, Свети Николе, Кичево, Штип, Гевгелија, Прилеп и Дебар. Најкритично е во главниот град, каде епидемијата е речиси излезена од контрола, и само денес на детската клиника во Скопје се евидентирани нови 17 деца заразени од мали сипаници. Еден дел од оние што се хоспитализирани на Клиничкиот центар се бебиња помали од 12 месеци, а поголемиот број се луѓе на возраст од 35-65 години, но и двете се многу ризични и ранливи категории.

Се очекува бројот на пациенти да расте, а тоа го покажуваат и бројките од Институтот за јавно здравје, кои заклучно со денеска регистрирале 138 нови случаи со морбили во изминативе 8 дена. Дел од новозаразените се медицински сестри или лекари, што дополнително го намалува капацитетот на болниците да се борат со ширењето на оваа опасна епидемија.

Оваа недела Филипче и премиерот Заев ќе имаат специјална средба на оваа тема со Комисијата за заразни болести и се очекува да прогласат епидемија во цела држава. Според изворот од министерството за здравство, се очекува да предложат порадикални мерки како времено затворање на дел од градинките во Скопје, Тетово и Куманово, затворање на повеќе игротеките, делумно затворање на кинотеки, локали и спортски сали, се додека епидемијата заразува се поголем број на граѓани и нанесува големи човечки и финансиски загуби за државата и засегнатите семејства.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Здравје

Дијагнозата во типичните случаи лесно се поставува врз основа на податоците од родителот за тегобите на детето,прегледот на детето и рутински биохемиски иследувања(леукоцити и леукоцитна формула ).

Кога се зголемуваат лимфните жлезди?

Зголемени лимфни жлезди не се ретка појава. Може да бидат последица на обична настинка...