Васил ќе биде македонскиот претставник кој ќе се обиде во најдобро светло да ја претстави нашата држава на овогодишната Евровизија во Холандија.

Објавил: admin@magazin | 8 март, 2020 21:04

Македонија конечно со светски ХИТ: Васил Гарванлиев со моќно видео на ЕВРОВИЗИЈА(видео)

Фото/Текст извор: ©магазин

Македонскиот пејач Васил Гарванлиев ќе ја претставува нашата земја на овогодинашната Евровизија 2020. Вечерва Гарванлиев премиерно ја објави песната со која ќе ја претставува нашата земја во Холандија.

Васил Гарванлиев кој потекнува од Струмица ќе биде македонскиот претставник кој ќе се обиде во најдобро светло да ја претстави нашата држава на овогодишната Евровизија во Холандија.

Васил минатата година беше еден од придружните вокали на Тамара Тодевска која ја претставуваше Македонија во Израел.

Гарванлиев е роден во Струмица на 2 ноември 1984 година. На музичката сцена прв пат се појавува на 7 години, а со детската песна „Марионка“, станал популарен, а песната станала евергрин.

На 10 годишна возраст се преселил со семејството во САД. Кога имал 17 години, неговото семејство било депортирано од САД. Во Чикаго, пред да почне да се занимава со оперската музика, тој пеел поп соло. Потоа живеел во Милано, Италија. На аудиција во Торонто, во Кралскиот конзерваториум бил примен со целосна стипендија и таму останал 9 години.
Од 2018 година повторно се вратил во Македонија и живее и работи во Струмица.

Со особена чест и отворено срце ви ја претставувам песната и видезаписот на евровизиската песна YOU/ СО ТЕБЕ
Со тебе или YOU ја доживувам како покана за танцување, покана да се конектираме да го славиме живтот и сегашниот миг. Без разлика што и да ни се случува во моментот- продолжете да играте во ритамот на животот. Сведоци сме дека не живееме во идеално време, но постојат магични моменти кои поминуваат без да забележиме и залудно ги трошиме. Длабоко верувам дека сѐ започнува од нас, и дека ние сме првиот чекор, кој за другите може да значи инспирација и почеток за нова приказна. Мојата само што започна!
Ве сакам, напиша Гарванлиев.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Музика

Сепак, гласовите беа одлучувачки, а познати се првите 10 финалисти: Швајцарија, Ерменија, Исланд, Литванија, Португалија, Норвешка, Грција, Украина, Молдавија и Холандија.

Познати првите финалисти на Евровизија, Албанија и Бугарија не се пласираа

Вчера вечер се одржа првото полуфинале на едно од најголемите и најзначајни музички...