Се градат станови, ама народот нема со што да купи

Објавил: admin@magazin | 3 август, 2018 13:06

Над 5000 станови се непродадени, нови 10 илјади се градат

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Над 5.000 изградени станови се непродадени, а трендот на изградба на нови продолжува. Податоците на Агенцијата за катастар и недвижности покажуваат дека во моментот се градат уште околу 10.500 станови, кои што треба да се пуштат во продажба.

И покрај тоа што бројот на непродадени станови расте – цената на квадратот не поевтинува. Според Катастар, во споредба со минатиот, во овој квартал бројот на непродадени станови е зголемен за 183. Најскапи се становите во Центар, Карпош и Аеродром, а најевтини во Струга, Штип и Кочани, каде што може да се забележи дека цената е двојно помала.

Граѓаните, сепак, во изминатиот квартал повеќе купувале стари недвижности. Од над 5000 продажби, колку што се регистирани во Агенцијата за катастар, над 4.400 се продажби на стари недвижнини, додека нешто над 700 се продажби на новоградби. Најатрактивни локации и оваа година остануваат Аеродром и Карпош.

Освен овие скопски општини, бројот на продадени станови во првиот квартал е зголемен и во Тетово и Куманово.

Сепак, Катастар констатира дека бројот на новоградби моментно ја задоволува побарувачката на станови.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Економија

Треба да се нагласи дека во сите споменати земји минималната законска граница за пензионирање обично е повисока од 65 години и е во процес на зголемување.
Во Германија – првиот сосед на Франција – се погласни се барањата за работа до 70 години.

Возраста за пензионирање во Германија постепено се зголемува – од 65 на 67 години, што треба да се случи до 2031 година.

Колкави се пензиите во Европската унија, а колкави во регионот?

Франција е земја со втора најголема јавна потрошувачка за пензии во ЕУ, зад Грција...

Станува збор за прецизирање на одлуката за повластена стапна што Владата ја донесе на 28 септември, но минатата недела се создаде конфузија откако дел од производите што беа опфатени со оваа мерка се најдоа и на листата од околу 1 000 продукти за кои ДДВ-то се зголеми од пет на 10 проценти како „луксузни производи“.

Основните прехранбени производи остануваат со повластен ДДВ од пет отсто

Основните прехранбени производи остануваат со повластена стапна на данок на додадена...