Продуцентот Атанас Георгиев рече дека македонската скромна ѕвезда успеала да ја шармира дури и ѕвездата од Сексот и Градот, Сара Џесика Паркер.

Објавил: Катерина Крстиќ | 6 февруари, 2020 19:38

Нашата Атиџе ја шармираше ѕвездата од “Сексот и Градот”- и ја предвидела иднината на Сара Џесика Паркер

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Атиџе Муратова, ѕвездата од македонскиот документарец „Медена земја“, буквално го шармираше Холивуд со својата природност. Таа се прослави како пчеларката која е главен лик во документарецот кој е номиниран во две категории на овогодинешните Оскари, објави Франс прес, а пренесе СДК.

Вчера имавме можност да ја видиме Атиџе со нов имиџ…

Продуцентот Атанас Георгиев рече дека македонската скромна ѕвезда успеала да ја шармира дури и ѕвездата од Сексот и Градот, Сара Џесика Паркер.

„Сара Џесика Паркер беше многу возбудена што ја сретна Атиџе откако го гледала филмот. Атиџе ѝ предвиде иднина гледајќи ѝ на кафе“.Луѓето ја сакаат. Таа стана ѕвезда. Немаме избор освен некако да се носиме со тоа. Антрополошки, не би требало да го правиме тоа, но имаше голем притисок од јавноста во Македонија таа да оди на Оскарите“, Таа е остроумна, интелигентна и зборува четири јазици од различни јазични групи – турски, македонски, албански и влашки. Голем дел од успехот на филмот се должи на прекрасното срце на Атиџе, продуцентот Атанас Георгиев.

Македонскиот документарен филм „Медена земја“ е во трка за два оскари, и тоа за најдобар документарен филм и најдобар интернационален филм. За прв пат во историјата на Оскарите документарен филм добива номинација и во категоријата најдобар интернационален филм.

Вчера Женски магазин објави фотографија од Атиџе со променет имиџ. Имено таа ја променила бојата накосата и фризурата.

-Денес нè израдува со својата посета во нашето студио за да ја блеснеме за на Оскарите. Мораме да признаеме дека таа е најпрво една прекрасна личност со голема душа и харизма и и’ ја посакуваме целата среќа на светот. Беше пресреќна од фарбањето и фенирањето и ни рече дека сега ќе може да им парира на Бред Пит и Леонардо ди Каприо. Убав помин на Оскарите, медена наша, ни беше чест што те запознавме, те чекаме со статуетка и еден куп импресии- напишаа вчера од фризерското студио „Ив“ под објавените фотографии со Атиџе.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.