Пораст има и кај течните горива за домаќинствата за 5,5 проценти, течните горива и мазива како дел од опремата за сопствени сообраќајни средства, туристичките пакет-аранжмани за 3,7 проценти, обувките за 2,8 проценти, услугите за сместување за 2,5 проценти…

Објавил: Весна Петровска | 9 јуни, 2019 15:44

На повидок голема сиромашија во земјава: Животот поскапе во Македонија, а платите исти

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

 

Поскапе животот во Македонија, денеска Државниот завод за статистика објави дека трошоците за живот во мај 2019 година се зголемени за 0,5 проценти, а цените на мало за 0,4 проценти во споредба со минатиот месец.

Со платите во Македонија, граѓаните од месец на месец се повеќе им сатанува скап животот, а основните намирници стануваат луксуз.

Во соопштението на Државниот завод за стаистика се вели дека пораст кај е забележан кај свежото и разладеното овошје за 3,7 проценти, кај лебот за 1,6 проценти, другите прехранбени производи за 1,1 процент, цигарите за еден процент, лебот и житата за 0,9 проценти, месото за 0,6 проценти, брашното и другите жита за 0,5 проценти, замрзнатиот зеленчук освен компирите и другите коренести плодови, шеќерот, џемот, медот, чоколадата и кондиторските производи, алкохолните пијалаци за 0,3 проценти и маслото и маснотиите за 0,2 проценти.

Овошјето и зеленчукот луксуз за Македонците

Пораст има и кај течните горива за домаќинствата за 5,5 проценти, течните горива и мазива како дел од опремата за сопствени сообраќајни средства, туристичките пакет-аранжмани за 3,7 проценти, обувките за 2,8 проценти, услугите за сместување за 2,5 проценти…

Намалување на индексите на трошоците на животот е забележано кај свежиот и разладениот зеленчук освен компирот и другите коренести плодови за 4,6 проценти, трбушките за 0,9 проценти, сувото овошје и јаткастите производи за 0,7 проценти, јајцата за 0,4 проценти и другите пекарски производи, замрзнатата риба за 0,2 проценти. Намалување имаи кај авионскиот превоз на патници за 2,2 проценти, градините, растенијата и цвеќињата за 1,3 проценти, информатичката опрема за 0,7 проценти, дисковите, касетите, дискетите, ЦД-ромовите, филмовите за 0,4 проценти, ….

Во споредба со мај лани трошоците на живот се зголемени за 1,4 проценти, а цените на мали за еден процент.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Економија

Треба да се нагласи дека во сите споменати земји минималната законска граница за пензионирање обично е повисока од 65 години и е во процес на зголемување.
Во Германија – првиот сосед на Франција – се погласни се барањата за работа до 70 години.

Возраста за пензионирање во Германија постепено се зголемува – од 65 на 67 години, што треба да се случи до 2031 година.

Колкави се пензиите во Европската унија, а колкави во регионот?

Франција е земја со втора најголема јавна потрошувачка за пензии во ЕУ, зад Грција...

Станува збор за прецизирање на одлуката за повластена стапна што Владата ја донесе на 28 септември, но минатата недела се создаде конфузија откако дел од производите што беа опфатени со оваа мерка се најдоа и на листата од околу 1 000 продукти за кои ДДВ-то се зголеми од пет на 10 проценти како „луксузни производи“.

Основните прехранбени производи остануваат со повластен ДДВ од пет отсто

Основните прехранбени производи остануваат со повластена стапна на данок на додадена...