Покрај Никола Поповски, член во Управниот одбор на Македонската банка за поддршка на развојот е и Вељанд Рамадани, кој воедно е и ВД Главен оперативен директор.

Објавил: Рејхан Бајрами | 21 август, 2019 7:35

Никола Поповски назначен за главен извршен директор на Развојната банка на Македонија!

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Развојна банка на Македонија АД Скопје преку соопштение на Македонска берза ја информираше јавноста дека Никола Поповски е избран за нов ВД Главен извршен директор и член на Управниот одбор на Банката.

Поповски доаѓа на местото на досегашниот прв човек на Развојната банка, Кирил Колемишевски кој оваа функција ја извршуваше во претходните 3 месеци, почнувајќи од 15-ти мај.

Покрај Никола Поповски, член во Управниот одбор на Македонската банка за поддршка на развојот е и Вељанд Рамадани, кој воедно е и ВД Главен оперативен директор.

Од 1992 до 2002 година бил пратеник во Собранието на Република Македонија, координатор на пратеничката група на СДСМ, член на Парламентарното собрание на Советот на Европа и член на повеќе комисии во Собранието на Советот на Европа во Стразбур. Во 1993 година е шеф на македонската делегација во Парламентарното собрание на Советот на Европа во Стразбур, претседател на собраниските комисии за надворешна политика, екологија, млади и спорт и за финансирање и буџет.
Од 3 октомври 2002 до 7 ноември 2003 година ја вршел функцијата претседател на Македонското собрание. На 7 ноември 2003 година станал министер за финансии во тогашната влада на Бранко Црвенковски. По парламентарните избори во 2006 година бил избран за пратеник во Собранието и на таа функција останал до предвремените парламентарни избори во 2008 година.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Економија

Треба да се нагласи дека во сите споменати земји минималната законска граница за пензионирање обично е повисока од 65 години и е во процес на зголемување.
Во Германија – првиот сосед на Франција – се погласни се барањата за работа до 70 години.

Возраста за пензионирање во Германија постепено се зголемува – од 65 на 67 години, што треба да се случи до 2031 година.

Колкави се пензиите во Европската унија, а колкави во регионот?

Франција е земја со втора најголема јавна потрошувачка за пензии во ЕУ, зад Грција...

Станува збор за прецизирање на одлуката за повластена стапна што Владата ја донесе на 28 септември, но минатата недела се создаде конфузија откако дел од производите што беа опфатени со оваа мерка се најдоа и на листата од околу 1 000 продукти за кои ДДВ-то се зголеми од пет на 10 проценти како „луксузни производи“.

Основните прехранбени производи остануваат со повластен ДДВ од пет отсто

Основните прехранбени производи остануваат со повластена стапна на данок на додадена...