Во Венецуела дроновите добија и друга намена освен забавата

Објавил: Мирко Бачиќ | 5 август, 2018 11:14

Обид за атентат со дронови врз претседателот на Венецуела

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Претседателот на Венецуела Николас Мадуро синоќа беше мета на напад во Каракас додека држеше говор на воена свеченост.

“Дронови наполнети со експлозив експлодираа во близина на местото на кое венецуелскиот претседател Мадуро држеше говор но тој и останатите членови на владата останаа неповредени.” – соопшти венецуелскиот министер за информирање Хорхе Родригез.

“Имаме доказ дека ова беше обид за убиство. Не успеаја. Претседателот Мадуро од нападот излезе неповреден и продолжува со работа”. – кажа Родригез.

Како што се гледа на снимките – Мадуро ненадејно го прекинал говорот во Каракас. Во еден момент додека зборувал погледнал нагоре а камерата покажува десетици војници како трчаат кон авенијата Боливар на која се одржувала свеченоста. Во позадина се слушаат извици.

Претседателот Николас Мадуро тврди дека зад нападот извршен врз него стои неговиот колумбиски колега Хуан Мануел Сантос.

видео снимка од обидот за атентат врз претседателот на Венецуела

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Инциденти

Меѓу демонстрантите имаше и попови, а на масовниот протест се извикуваа слогани и против Владата на Мицотакис, но и против новинарите.

Инциденти во Атина на протестот против вакцината и против задолжителната имунизација

Со инциденти меѓу полицијата и демонстрантите, со молотови коктели, солзавец и топови...