На денешната седница Владата ја прифати препораката на Комисијата за заразни болести да го одобри Општиот протокол за организирање на спортски натпревари во услови на пандемија со Ковид-19!

Објавил: Рејхан Бајрами | 27 октомври, 2020 21:38

Одобрена набавката на лекот „ремдесивир“, прифатен во терапијата за ковид-19

Фото/Текст извор: ©mkd

Владата на денешната 16-та редовна седница ја разгледа информацијата за имплементацијата на Рамковниот договор за јавна набавка на лекот „Veklury (remdesivir)”, прифатен во терапијата на Ковид-19, со постапка за набавка преку Договорот за заеднички набавки склучен со Европската комисија и обезбедување на финансиски средства и донесе заклучок да го задолжи министерот за здравство да го потпише и имплементира Посебниот договор за јавна набавка на тој лек согласно обврските преземени од Рамковниот договор за јавна набавка, доделен со постапка за набавка преку Договорот за заеднички набавки склучен со Европската комисија.

Со вториот заклучок во врска со оваа информација, како што соошти владината прес-служба, Владата го задолжи Министерството за финансии да обезбеди во рамките на буџетот на Министерството за здравство за 2020 година, дополнителни 13.500.000 денари, за плаќање на лекот „Veklury (remdesivir)” за месец октомври, додека останатите средства во износ од 67.500.000 денари, за исплата по сукцесивна испорака на овој лек за период од пет месеци, да се предвидат и обезбедат во буџетот на Министерството за здравство за 2021 година.

На денешната седница Владата ја прифати препораката на Комисијата за заразни болести да го одобри Општиот протокол за организирање на спортски натпревари во услови на пандемија со Ковид-19, со цел спречување на ширење на коронавирусот меѓу спортисти, спортски работници, службени лица и сите останати лица вклучени во одигрување и организација на натпреварите.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Здравје

Дијагнозата во типичните случаи лесно се поставува врз основа на податоците од родителот за тегобите на детето,прегледот на детето и рутински биохемиски иследувања(леукоцити и леукоцитна формула ).

Кога се зголемуваат лимфните жлезди?

Зголемени лимфни жлезди не се ретка појава. Може да бидат последица на обична настинка...