Ларис Гајзер, новинар од Словенија или новинар Италија, човекот кој се занимава со геополитика. Дали е новинар на мафијата или пак на вистината

Објавил: admin@magazin | 6 декември, 2019 1:32

ОПАСНИОТ НОВИНАР ГАЈЗЕР : Снимките ги добив од Македонија(ВИДЕО)

Фото/Текст извор: ©ефтов продукција / магазин

Во вторникот започна судењето на аферата Рекет, а во вечерашната емисија “Во Центар” со Васко Ефтов, ексклузивно интервју со човекот кој ги обелодени снимките за Рекет Ларис Гајзер. Новинар од Словенија или новинар Италија, човекот кој се занимава со геополитика.

За новинарот Васко Ефтов се клучни три работи поврзани со аферата Рекет. Поради аферата Рекет, Зоран Заев и неговата влада требаше да паднат од власт, поради тоа што претходеше на бомбите на СЈО, мафијата требаше да заврши во затвор.

И како трето политичарите и политичките партии кои ја бранеа или ја бранат мафијата да не завршат во затвор, треба да ја завршат кариерата засекогаш.

Кој е Ларис Гајзер?

Гајзер: Јас сум роден во Птуј, во семејство кое има дел австриско и дел полско потекло. Мојата прабаба е од семејство Сихровски, јас се родив во поранешна СФРЈ и на крај емигрирав во Италија, каде што студирав и работев. Денес сум професор за меѓународни односи во Америка, во Европа и соработувам со разни списанија.

Од кај ги добивате снимките? Дали снимките ги добивате во ТОКИО БАР во центарот на Будимпешта?

Гајзер: Па, секако дека не. Јас не сум бил во Будимпешта последната година. 

Да анaлизираме кој може да ви ги даде тие снимк . Тие снимки се снимени кај Орце Камчев, станува збор за аферата Рекет, броење на 1 ипол милион евра, кој во куферче се даваат на Боки 13 или на Италијански Боки тредичи и Јанева. Кој може да ги обезбеди тие снимки за да ви ги даде вас?

Гајзер: Па многу едноставно. Некој од теренот во Македонија што ми верува, некој што ми верува после четири години. Јас доаѓав во Македонија, чинам два пати секој семестар да ја следам ситуацијата, да известувам за ситуацијата, затоа што известувам за ситуацијата во Македонија уште од 2015 година.

Некој вас реши да ви даде ексклузивни снимки, ЗОШТО? Некој што се плашеше да ги објави во Македонија, бидејќи ке беа под удар на власта. Тоа значи дека луѓе од опозицијата кој се блиски до опозицијата или луѓе кои се засегнати од специјалното јавно обвинителство ви ги даваат снимките да го рушите СЈО?

Гајзер: Јас мислам дека вие и целата јавност која што не следи многу добро, знае каква е состојбата во Македонија.

А состојбата е очајна. Во институциите и јавните институции, правните и владините институции. Мислам дека не е толку до разединоста помеѓу власта и опозицијата ако зборуваме и за луѓето.

Секако дека ги добив изворите и видеата од Македонија, од некој кој што сакаше да му покаже на светот што се работи во Македонија.

Дали сте вие новинар на мафијата која е гонета од тоа специјално обвинителство и кој всушност со оваа афера, сака да го сруши ЈО, за да не можат да бидат гонети. Така да тие приказни дека македонскиот народ е незадоволен , па некој ви далл снимки во тоа не можете да не убедите. Дали сте вие новинар на мафијата, која со помош на мафијата сака да сруши одредена институција?

Гајзер: Мислам дека политичката фоскула ја правите вие, не јас. Нормално е дека не сме политичка мафија. Ви се молам.

Ние сме докажан независен весник кој работи за доброто на јавното мислење.

Целото интервју на Васко Ефтов со Ларис Гeјезр погледнете го ТУКА:

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Интервју

„Има документи, согласности, уснени согласности, телефонски разговори, за секој пациент докторите се должни да ги информираат. Ние први воведовме видеоконференција

Жан Митрев: Не се плашам од обвинение, ќе се докажувам и 100 години ако треба – никогаш не сум рекол дека хемофилтрацијата е лек

Неговиот вечерашен јавен настап во кој се бранеше од наводите во документарниот филм...

Зошто никој не зборува за германскиот предлог во времето на владата на Меркел, од нивното претседателство, каде исчезна тој?

Имам информации дека владата на Ковачевски го прифатила предлогот од Париз

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во вчерашното гостување во емисијата...

„Јас не се занимавам со економијата на семејството, колку пари кружеле… Добро е, дојдете еден ден кај мене дома, зборувајте со мојата сопруга“, рече Ахмети.

Ахмети не знае колку чини маслото за јадење: Зборувајте со сопругата, не се занимавам со економијата на семејството

Лидерот на ДУИ Али Ахмети во гостувањето во емисијата „Клик плус“ на ТВ21кажа дека...

Вели дека е подготвен во секој момент да седне на маса и да разговара за сите теми со Ковачевски, но на тие средби ќе мора да се разговара и за предвремени ибори.

Мицкоски: Немам намера никого да уценувам, подготвен сум во секој момент да седнам на маса

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски тврди дека блокадата на Собранието не е начин...