Имено денеска беше донесена одлука за случајот со Меѓународен сојуз, според која Боки 13 е првообвинет за измама и перење пари.

Објавил: Катерина Крстиќ | 3 јануари, 2020 14:18

Ременски обвинета за помагање во измамите на Боки 13

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

По денешното сведочење за случајот Рекет, падна и ново обвинение но овој пат и за пратеничката Фросина Ременски. 

Имено денеска беше донесена одлука за случајот со Меѓународен сојуз, според која Боки 13 е првообвинет за измама и перење пари.

Фросина Ташевска Ременски (22 февруари 1977 во Крива Паланка) — македонски политичар и поранешен министер за труд и социјална политика на Македонија. На оваа функцијата стапила на 12 ноември 2015 година, по договорот од Пржино.

Обвинение добија и Пратеничката Фросина Ременски, таткото на Боки 13, Миле, соработничките Јасна Мандиќ и Христина Блажевска за помагање во измамата јави Телма.

Боки 13 како претседател на Меѓународниот сојуз во периодот од јули 2017 до април следната година, измамил двајца бизнисмени дека ќе обезбеди државно неизградено земјиште за изградба на Европски центар за возрасни лица, и субвенции од државата.

Јовановски преку авторска агенција  успеал да земе од нив 720 илјади евра а од вториот 233 илјади евра.

како што претходно беше сведочено, пратеничката Фросина Ременски со својот углед и авторитет го поддржувала на средбите со бизнисмените. Таа се товари за помагање во измамата, бидејќи му давала совети на првообвинетиот. Ременски давала упатства за да имаат доверба во наводниот проект и однапред да уплатат одреден износ пари и да ги потпишат договорите, се вели во соопштението на обвинителството.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести