петок, 26 април 2024

MK/ EN/ DE



Претседателот Пендаровски призна дека е разочаран од специјалната обвинителка Катица Јанева на која безусловно и даваше поддршка.

Објавил: Катерина Крстиќ | 12 август, 2019 13:14

Пендаровски: Разочаран сум од Катица Јанева, барам политичка одговорност

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

На денешната прес конференција поврзана со скандалот „Рекет“ откако побара да се именуваат со име и презиме сите вмешани во скандалот истакна и дека е разочаран од специјалната обвинителка во заминување, Катица Јанева.

Претседателот Пендаровски призна дека е разочаран од специјалната обвинителка Катица Јанева на која безусловно и даваше поддршка.

-Да, разочаран сум од Катица Јанева, како човек, истакна претседателот на државата одговарајќи на новинарско прашање.

Одговорност, потенцираше тој меѓудругото, мора да има и по хоризонтална и вертикална линија.

-Никој не смее да биде над законите во оваа земја, истакна Пендаровски, огласувајќи се пред граѓаните и медиумите за случајот „Рекет“.

Стево Пендаровски роден на 3 април 1963, во Скопје — македонски политичар, професор и аналитичар.

Претседателот рече дека е разочаран од тоа што го слушнал во видеата и побара ефективна, брза и темелна истрага. Пендаровски рече дека ќе ги употреби сите обвластувања да ги заштити институциите од притисоци, и да ја заштити, како што рече наципналната безбедност од обидите за нарушување. Според него тешката ситуација е тест за државата и правдата.

– Ќе докажеме дека функционира системот. Извесно е дека се вмешани луѓе со различни профили, се слушаат гласови на бизнисмени, па и на обвинителката Јанева, се слушаат имиња на политичари. Одговорност ќе има за сите вмешани без разлика дали се политичари. Никој не смее да биде над законот, вели тој.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести


Ние користиме колачиња за да ја подобриме практичноста на веб-страницата. Со вашата посета се согласувате со ова.