Каракачанов e само еден повеќе од регионот на анти- македонистите кој вели дека, македонски јазик не постои и оти нема да дозволи таканареченото тајно воведување на македонскиот јазик.

Објавил: Македонка Димкин | 8 декември, 2018 17:45

После Захариева се јави и бугаринот Каракачанов, македонскиот јазик не постоел!

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин.мк

„Заев„ не ја злоупотребувајте темата со македонскиот јазик. Тоа може да ве чини членство во НАТО и ЕУ, му се закани вицепремиерот за безбедност и министер за одбрана на Бугарија, Красимир Каракачанов на премиерот Заев.

Каракачанов e само еден повеќе од регионот на анти- македонистите кој вели дека, македонски јазик не постои и оти нема да дозволи таканареченото тајно воведување на македонскиот јазик.

 Македонскиот јазик, кој не е признаен од никого како официјален јазик, не може да се смета како таков на целата територија на Северна Македoнија. Северна Македонија е географско име кое вклучува и територија на Република Бугарија. Заев во тој контекст утре може да побара употреба, целосно идентичниот бугарски дијалект да биде изучуван како официјален странски јазик и кај нас, што е недозволиво и провокација, напиша Каракачанов на фејсбук.

Бугарската министерска за надворешни работи, Екатарина Захариева, пак вчера изјави дека Комисијата формирана по Договорот за добрососедство досега имала три состаноци и оти имало притисок од македонска страна за историските прашања, но оти Бугарија нема комплекси и оти „треба да ги учиме нашите луѓе на вистината“.

Oва е реакција на изјавата на Заев дадена пред една недела дека со Преспанскиот договор се потврдува постоењето на македонскиот јазик и никој нема право тоа да го оспорува.

Каракачанов во текстот остро ја напаѓа работата на заедничката македонско-бугарска комисија за историски прашања. За неа вели дека таа не работи во полза на историската вистина, при што го оценува поднесувањето од македонска страна на  список на бугарски учебници кои содржат националистички, реваншистички авторитарни  текстови кон Македонија, како агресивно и дрско. Каракачанов е на став дека под таков притисок од македонска страна Комисијата нема да може да ги заштити бугарските интереси.

 Ако биде усвоен и еден невистинит историски факт, ако дури и еден историски факт биде заменет, ќе побарам категорична позиција од страна на државата, кандидатурата на Македонија за НАТО и ЕУ да не биде поддржана“, предупредува Каракачанов.

Каракачанов во текстот остро ја напаѓа работата на заедничката македонско-бугарска комисија за историски прашања. За неа вели дека таа не работи во полза на историската вистина, при што го оценува поднесувањето од македонска страна на список на бугарски учебници кои содржат националистички, реваншистички авторитарни текстови кон Македонија, како агресивно и дрско. Каракачанов е на став дека под таков притисок од македонска страна Комисијата нема да може да ги заштити бугарските интереси.

Лидерот на десничарската ВМРО-БНД притоа вели дека да прифатат  со обратно читање на историјата да влезат во НАТО и ЕУ, на грбот и на сметка на Бугарија, уште помалку тајно воведување на македонски јазик.

Изјавата на Зоран  Заев околу македонскиот јазик и негово изучување во Грција претходно предизвика бура од реакции во Грција, при што поранешниот  шеф на грчката дипломатија, Никос Коѕијас, рече дека да бил сè уште министер „ќе го потегнел за уши на сите начини, и од НАТО, од Европската унија и од Нимиц“, а медиумите објавија информација дека Атина со анекс на Преспанскиот договор ќе се бара да се до дефинира ова прашање.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.