РКЕ ги пресметува цените според новата методологија за формирање на малопродажните цени, а главни критериуми се курсот на доларот во однос на денарот и движењето на цената на суровата нафта на светските берзи.

Објавил: Весна Петровска | 1 јули, 2019 11:41

Почнаа одморите и цените на горивата се менуваат

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

Од полноќ нова цена на горивата во Македонија. Регулаторната комисија за енергетика денеска треба да го објави новиот ценовник за нафтените деривати кој ќе почне да се применува од ноќеска на полноќ во следните седум дена.

Регулаторна денеска ќе ја сооптши новата цена на горивата

РКЕ ги пресметува цените според новата методологија за формирање на малопродажните цени, а главни критериуми се курсот на доларот во однос на денарот и движењето на цената на суровата нафта на светските берзи.

За потсетување, во Македонија имаше привремената либерализација на пазарот и можноста трговците сами да ги определуваат цените на нафтените деривати ова настана поради правниот вакуум предизвикан со не потпишувањето на измените на Законот за енергетика од поранешниот претседател Ѓорге Иванов поради што не можеше навреме да биде донесена новата методологија по која РКЕ треба да ги определува цените.

Потребата за донесување нова методологија е заради истекувањето на важноста на Анексот „Д“ што произлегува од Договорот за купопродажба на ОКТА на 8 мај годинава, според кој беше и определена и постојната методологија за определување на малопродажните цени на нафтените деривати.

Повеќе нема да има профитна маргина од 29 долари по тон што државата заради договорот ѝ го плаќаше на Окта до 8 мај годинава.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Економија

Треба да се нагласи дека во сите споменати земји минималната законска граница за пензионирање обично е повисока од 65 години и е во процес на зголемување.
Во Германија – првиот сосед на Франција – се погласни се барањата за работа до 70 години.

Возраста за пензионирање во Германија постепено се зголемува – од 65 на 67 години, што треба да се случи до 2031 година.

Колкави се пензиите во Европската унија, а колкави во регионот?

Франција е земја со втора најголема јавна потрошувачка за пензии во ЕУ, зад Грција...

Станува збор за прецизирање на одлуката за повластена стапна што Владата ја донесе на 28 септември, но минатата недела се создаде конфузија откако дел од производите што беа опфатени со оваа мерка се најдоа и на листата од околу 1 000 продукти за кои ДДВ-то се зголеми од пет на 10 проценти како „луксузни производи“.

Основните прехранбени производи остануваат со повластен ДДВ од пет отсто

Основните прехранбени производи остануваат со повластена стапна на данок на додадена...