Пред нас е најубавиот период во годината, познат по големите семејни слави и новогодишни прославувања.

Објавил: admin@magazin | 17 декември, 2020 12:30

ПОЧНА КАМПАЊАТА „ПРАЗНУВАЈ ОДГОВОРНО“ ЗА ПОЧИТУВАЊЕ НА МЕРКИТЕ ВО ПРЕСРЕТ НА ПРАЗНИЦИТЕ

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Министерството за здравство и Владата на Република Македонија од денеска почнуваат кампања „Празнувај одговорно“ за подигнување на свеста на граѓаните за почитување на мерките во пресрет на празниците.

Пред нас е најубавиот период во годината, познат по големите семејни слави и новогодишни прославувања.

Традиционално, овие деновие за сите нас значеа големи собири со семејствата и пријателите. Но, годинава е одбележана од светската пандемија на Ковид-19.

Министерството за здравство, уште еднаш посочува дека крајот на оваа и почетокот на следната година претставуваат голем ризик за зголемување на и така огромната бројка заразени со Ковид-19, токму поради славењето во затворен простор.
На сите треба да ни е јасно дека во претстојниот период носиме одговорност за своето но и здравјето и животите на најблиските.

Почитувањето на мерките пропишани од Министерството за здравство останува најдобар начин за борба со коронавирусот. Да потсетиме, мерките кои се изречени се следните:

– Се препорачува да нема групирање на граѓаните во домовите на семејни прослави, слави и други собири во групи- Се забранува групирање на јавен простор  на повеќе од 4 лица.- Се забранува групирање по паркови и други јавни места на повеќе од 4 лица.- Граѓаните доколку немаат потреба да не ги напуштаат домовите по 18 часот.

Потребно е сите заедно да бидеме одговорни и разбрани за важноста на овие мерки, но и да не дозволиме најубавите мигови во семејството да се претворат во лоши спомени.

Овој празничен период да прославиме одговорно, да ги почитуваме мерките за заштита и да мислиме на своето и на здравјето на нашите сакани.

Славењето може да почека – здравјето не.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Здравје

Дијагнозата во типичните случаи лесно се поставува врз основа на податоците од родителот за тегобите на детето,прегледот на детето и рутински биохемиски иследувања(леукоцити и леукоцитна формула ).

Кога се зголемуваат лимфните жлезди?

Зголемени лимфни жлезди не се ретка појава. Може да бидат последица на обична настинка...