Со предлогот за изменување и дополнување на Буџетот на Град Скопје за 2020 година вкупниот буџет се зголемува за 81 милиони денари, што претставува зголемување од 1% во однос на првичниот буџет.

Објавил: Рејхан Бајрами | 27 октомври, 2020 12:03

РЕБАЛАНСОТ НА БУЏЕТОТ И АКЦИСКИОТ ПЛАН ЗА ЗЕЛЕН ГРАД ПРЕД СОВЕТНИЦИТЕ НА ГРАД СКОПЈЕ

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Измена и дополнување на буџетот на Град Скопје за 2020 година, како и Акциски план за Зелен град се дел од точките за кои ќе се расправа на 57-та седница на Советот на Град Скопје, која ќе се одржи денеска преку конференциска врска.

Со предлогот за изменување и дополнување на Буџетот на Град Скопје за 2020 година вкупниот буџет се зголемува за 81 милиони денари, што претставува зголемување од 1% во однос на првичниот буџет.

Зголемување се предлага и во буџетот на кредити, (245 милиони денари) за изградба и реконструкција на повеќе улици и булевари низ Градот Скопје. Зголемувањето се врши и во буџетот на дотации (4 милиони денари), заради буџетирање на дел од непотрошениот вишок на приходи од минатата година во културата. Основниот буџет е намален за 167 милиони денари, при што се предлагаат повеќе измени по програми и проекти согласно со проценетата динамика на реализација на започнатите проекти и роковите на извршување на склучените договори.

Заедно со ребалансот на буџетот на Град Скопје за 2020 година, Советот ќе расправа и за Предлогот за изменување и дополнување на Планот на програми за развој за периодот ‎2020-2022 година, со кој се предвидени измени во предвидените финансиски средства за подолготрајните проекти чија реализација се одвива низ повеќе фази во текот на две или на повеќе години.

Советот на Град Скопје денеска ќе расправа и за Акцискиот план за Зелен град, кој се изработува во соработка со ЕБОР од март 2019 година, како дел од учеството на Градот во програмата на ЕБОР за зелени градови. Скопје е првиот град во Северна Македонија кој се приклучи во зелените градови на ЕБОР и го започна развојот на Акцискиот план за зелен град (GCAP). Акциониот план ќе му помогне на Скопје да ги утврди, да им даде приоритет и да одговори на неговите најитни предизвици во поглед на животната средина.

Истиот има за цел да се справи со најакутните предизвици од климатските промени и животната средина како што се: управувањето со цврст отпад, водата и отпадните води, градските патишта и осветлувањето, градскиот превоз, намалување на локалното загадување, подобрување на енергетската ефикасност и искористеноста на ресурсите, како и промовирање на приспособувањето на климатските промени.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Економија

Треба да се нагласи дека во сите споменати земји минималната законска граница за пензионирање обично е повисока од 65 години и е во процес на зголемување.
Во Германија – првиот сосед на Франција – се погласни се барањата за работа до 70 години.

Возраста за пензионирање во Германија постепено се зголемува – од 65 на 67 години, што треба да се случи до 2031 година.

Колкави се пензиите во Европската унија, а колкави во регионот?

Франција е земја со втора најголема јавна потрошувачка за пензии во ЕУ, зад Грција...

Станува збор за прецизирање на одлуката за повластена стапна што Владата ја донесе на 28 септември, но минатата недела се создаде конфузија откако дел од производите што беа опфатени со оваа мерка се најдоа и на листата од околу 1 000 продукти за кои ДДВ-то се зголеми од пет на 10 проценти како „луксузни производи“.

Основните прехранбени производи остануваат со повластен ДДВ од пет отсто

Основните прехранбени производи остануваат со повластена стапна на данок на додадена...