Владиниот портпарол, Миле Бошњаковски, неук, најави дека пред можни избори се планира од избирачкиот список да се избиршат над 400.000 државјани на Република Македонија

Објавил: Мартин Попоски | 3 октомври, 2018 14:34

СДСМ пред избори ќе го “чисти” Избирачкиот список

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Владиниот портпарол Миле Бошњаковски во однос на прочистувањето на Избирачкиот список денеска изјави дека се наследени повеќе проблеми и оти надлежните институции соодветно треба да ги адресираат и решаваат.

На прес-конференцијата во Владата, Бошњаковски посочи дека од 2002 година во Македонија немало попис и оти над 400 илјади граѓани не живеат во државата, а фигурираат во Избирачкиот список, што секако има импликации на сите изборни и референдумски процеси.

Постојат повеќе сегменти што треба да се адресираат. Дел од нив се должност на Владата, а дел се должност на други институции. Во Македонија од 2002 година немаме попис, но во моментот течат подготовките во Државниот завод за статистика за одржување на попис. 

Наследени се повеќе проблеми што треба да се адресираат и да се решат. Свесни сме сите и дека над 400 илјади наши сограѓани не живеат во Македонија, а ги имаме на Избирачкииот список дека живеат во Македонија. И ова си има импликации на сите изборни и рефередумски процеси. Државната изборна комисија во наредниот период најверојатно ќе интервенира во однос на Избирачкиот список, меѓутоа сите институции треба соодветно да ги адресираат овие ситуации и да се решат, – рече Бошњаковски.

Тој додаде дека не се работи за тоа дали има добра волја ова да се направи, туку дека тоа е прашање на време и приоритети.

Претходно претседателот на собраниската Комисија за прашања за избори и именувањето и актуелен пратеник, Илија Димовски, појасни што е избирачки список а што државјанин на Република Македонија, контатирајќи дека денес СДСМ им се лути на СДСМ за избирачкиот список, затоа што не ни знаат што е тоа.

Димовски со лекција: Не критикувајте го СДСМ за избирачкиот список, не разбираат

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести