Ккао што објавија медиумите бизнисменот Милан Поповиќ инсистирал уште синоќа да му се предаде синот. Северина загрижена за Александар  предложила да помине малку време детето да се подготви и прилагоди но Милан го одбил ваквиот предлог.  Како што пишува во предлогот, Александар многу тешко ја примил судската одлука да живее со неговиот татко и да ја гледа мајка си само двапати неделно.

Објавил: Катерина Крстиќ | 29 ноември, 2019 10:27

Северина ја загуби големата битка, скршена од болка му го предаде синот на Милан

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Познатата хрватска пејачка Северина ја изгуби битката против нејзиниот поранешен сопруг Милан и вчера вечер во 20.11 часот, во придружба на сегашниот сопруг Игор Којиќ, го доведе седумгодишниот Александар кај неговиот татко и му го предаде, како што е одредено во денешната судска одлука.

Ккао што објавија медиумите бизнисменот Милан Поповиќ инсистирал уште синоќа да му се предаде синот. Северина загрижена за Александар  предложила да помине малку време детето да се подготви и прилагоди но Милан го одбил ваквиот предлог.  Како што пишува во предлогот, Александар многу тешко ја примил судската одлука да живее со неговиот татко и да ја гледа мајка си само двапати неделно.

Северина Којиќ (47) загуби во спорот со Милан Поповиќ (54) а бидејќи поранешните партнери не се појавија вчера во судот во Загреб за да ја слушнат оваа пресуда, медиумите веќе објавија дека Северина ќе плаќа алиментација од 1.200 куни или 160 евра.

За сега српскиот бизнисмен ќе остане да живее во Загреб, за детето да продолжи да оди во истото училиште.

Со привремената мерка одредено е дека Северина има право да го гледа синот во вторник и четврток од 15 до 20 часот и секој втор викенд, почнувајќи од овој. Детето може да го превземе во сабота во 10 часот и да го врати на Милан во недела до 20 часот. Со пресудата е регулирано кога Северина ќе може да го гледа синот за време на летните и зимските распусти, празници.

Поповиќ во разговор за „Index“ нагласил дека нема намера да го одведе синот во Србија и дека момчето нема српски пасош.

Северина со нејзиниот сегашен сопруг Игор Којиќ и синот Александар

„Српскиот пасош кој го имаше истече пред три години, а нема нов. Ова е спин, институција со која сака да се создаде впечаток дека сакам детето да го однесам од Хрватска“, рекол тој.

Откако адвокатот на Милан изјави дека се задоволни од одлуката на судијката Теа Голуб се огласи и Северина која низ солзи раскажува за хрватски „утрински лист“ дека е направено преседан во врска постапувањето.

-Не знам што да ви кажам. Не очекував ваква пресуда бидејќи е направен преседан во постапката, вели Северина која додека ја давала изјавата се гушела во солзи, пише споменатиот медиум.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.