Вчера околу 18:30 часот,во планинската област во близина на Порто,се урна хеликоптер на брзата помош, најверојатно поради лошите временски услови.

Објавил: admin@magazin | 18 декември, 2018 9:31

Се урна хелихоптер во Португалија

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Во планинската област во близина на Порто, вториот по големина град во Португалија, вчера се урна хеликоптер со четири лица, а се стравува дека сите се загинати.

Како што јави Ројтерс вчера службата за спасување излегла на терен, но хеликоптерот не бил сеуште пронајден.

Португалската служба за итна помош соопшти дека операција за спасување е во тек, и од вчера многу теренски екипи се излезени на местото на несреќата.
Државната телевизија РТП и дневниот весник „Корејо де Мања“ јавија дека хеликоптерот паднал, при што загинале двајцата пилоти, медицинска сестра и лекар, кои биле во леталото. Хеликоптерот во болницата во Порто пренесол 76-годишен пациент со срцеви проблеми и изчезнал околу 18:30 часот.

Трагичната несреќа се случила најверојатно, поради лошите временски услови, соопштија од службата.
 
Околу 200 спасувачки служби трагаат по хеликоптерот.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Инциденти

Меѓу демонстрантите имаше и попови, а на масовниот протест се извикуваа слогани и против Владата на Мицотакис, но и против новинарите.

Инциденти во Атина на протестот против вакцината и против задолжителната имунизација

Со инциденти меѓу полицијата и демонстрантите, со молотови коктели, солзавец и топови...