Директорот на Државниот завод за статистика Апостол Симовски во емисијата 24 анализа истакна дека овој попис се спрведува со комбиниран метод, а не со традиционалниот од 2011 и сите претходни пописи.
Комбинираниот метод ви дава можност истовремено да спроведувате податоци на терен, но и користите податоци од бази во држаните институции. – рече Симовски.
Пописот не попишува она што е во регистарот, туку се спроведува и теренско попишување.
За првпат не одиме со хартиени прашалнци, туку со електронски. Попишувачот не е во контакт со податоците по завршување на попишувањето. Штом попишувачот заврши и ја употреби командата „сними“, тие податоци одат во нашата база и тие не се чуваат во лаптопот на попишувачот. На тој начин го штитиме и попишувачот и податоците да не има проблем да ги чува тие податоци ил друг да дојде во контакт со нив. – вели Симовски.
Симовски вели дека никаков политички субјект не вршел притисок врз нив како да се спроведе пописот.
Ни директно, ни ндиректно ако ќе го спроведеме пописот. И власта и опозицијата дадоа поддршка на овој процес и тоа е добро. Таа политичка порака да се поддржи овој процес е апсолутно коректна. Она што професионално го работиме, е наша работа и никој не се обидел да се меша. – рече Симовски.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.