Од Синдикатот кои ги штити работничките права задоволни што Владата го прифатила нивното укажување дека заболувањето од Ковид 19 не само кај здравствените, туку кај сите работници изложени на вирусот треба да се третира како професионална болест со право на 100 процентен надомест на плата.

Објавил: Рејхан Бајрами | 4 ноември, 2020 21:53

Сите вработени заболени од Ковид-19 или во изолација ќе бидат платени 100%

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Заболените од Ковид, лицата кои се во самоизолација и вработените со симптоми ќе добиваат цела плата додека се на боледување, одлучи Владата на вчерашната седница.

До сега лицата кои имаа потврден позитивен  тест добиваа 70% од платата, додека останатите , кои беа во самоизолација – 100 отсто. Со новата одлука, оваа дискриминација ќе биде надмината, сметаат работодавачите  и Синдикатот.

Надоместокот за првите 15 дена  останува на товар на газдата, додека остатокот, во целост ќе ги покрива Фондот, објави Сител!

Кога велиме дека ќе користат боледување и дека 100 процентно ќе биде покриено, тоа значи дека Фондот го презема товарот. Значи, остануваат законските одредби, 15 дена работодавачот, после тоа, законската обврска ја презема Фондот“, појасни Битиќи, одговарајќи на новинарски прашања по денешниот настан во Старата Скопска Чаршија.

Од Синдикатот кои ги штити работничките права задоволни што Владата го  прифатила нивното укажување дека заболувањето од Ковид 19 не само кај здравствените, туку кај сите работници изложени на вирусот треба да се третира како професионална болест со право на 100 процентен надомест на плата.

Додаваат дека во Правилникот за професионални болести треба да се вметне и Ковид, затоа што голем дел од работниците, вршејќи ги своите работни задачи се заразија или им беше определана изолација поради изложеност на вирусот на работното место, се наведува во соопштението на ССМ.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Економија

Треба да се нагласи дека во сите споменати земји минималната законска граница за пензионирање обично е повисока од 65 години и е во процес на зголемување.
Во Германија – првиот сосед на Франција – се погласни се барањата за работа до 70 години.

Возраста за пензионирање во Германија постепено се зголемува – од 65 на 67 години, што треба да се случи до 2031 година.

Колкави се пензиите во Европската унија, а колкави во регионот?

Франција е земја со втора најголема јавна потрошувачка за пензии во ЕУ, зад Грција...

Станува збор за прецизирање на одлуката за повластена стапна што Владата ја донесе на 28 септември, но минатата недела се создаде конфузија откако дел од производите што беа опфатени со оваа мерка се најдоа и на листата од околу 1 000 продукти за кои ДДВ-то се зголеми од пет на 10 проценти како „луксузни производи“.

Основните прехранбени производи остануваат со повластен ДДВ од пет отсто

Основните прехранбени производи остануваат со повластена стапна на данок на додадена...