Режисерите, снимателите и главната протагонистка Атиџе на дневна основа се селат од континент на континент, со цел да подигнат некоја нова награда и да бидат поблиску до публиката низ целиот свет.

Објавил: Весна Петровска | 18 јануари, 2020 13:13

Славната холивудска актерка Џејми Ли Кертис за Медена земја: Колку перфектен филм

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

Славната холивудска актерка Џејми Ли Кертис на Твитер напиша дека е воодушевена од македонскиот документарен филм „Медена земја“.

– Колку перфектен филм за овој момент. „Медената земја“ е зачудувачка. Алчност. Семејство. Љубов. Чест. Природа. Упорност. Воодушевена сум – напиша Ли Кертис.

За потсетување, документарниот филм „Медена земја“ со добивањето на две номинации за Оскар – за најдобар документарец и за најдобар странски филм, направи историски исчекор на македонската кинематографија. Тука објавуваме претходно направен разговор со Љубомир Стефанов и Тамара Котевска, режисери, и Атиџе Муратова, главна протагонистка во „Медена земја“.

Светската премиера на документарниот филм „Медена земја“ се случи на 28 јануари 2019 година на 38. Фестивал на независни филмови „Санденс“, а по освојувањето на три награди на фестивалот, меѓу кои и Главната награда од жирито за најдобар светски документарен филм, филмската екипа што го направи документарецот и главната протагонистка доживејаа комплетен пресврт во нивниот животен ритам. Филмот веќе е прикажан на голем број филмски фестивали низ целиот свет, а во еден период се прикажуваше во 36 киносали во САД. Режисерите, снимателите и главната протагонистка Атиџе на дневна основа се селат од континент на континент, со цел да подигнат некоја нова награда и да бидат поблиску до публиката низ целиот свет.

Продуцент и монтажер на документарниот филм „Медена земја“ е Атанас Георгиев, сниматели се Фејми Даут и Самир Љума, музиката ја направија членовите на групата „Фолтин“, а како музички супервизор се јавува Рана Еид од „ДБ Студиос“ (DB Studios) од Бејрут. Документарецот е во продукција на „Аполо медиа“ и „Трис филмс“, а поддржан е од Агенцијата за филм на Северна Македонија.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.