Љубовната приказна на актуелниот премиер Зоран Заев и неговата сопруга Зорица Заева

Објавил: Македонка Димкин | 30 август, 2018 18:52

Случајност или план? 30. Септември и за Зорица и Зоран најважен ден, слават годишнина!

Фото/Текст извор: ©женскимагазин

Љубовната приказна на македонскиот премиер Зоран Заев и неговата сопруга Зорица, дипломиран економист, датира уште од средношколските клупи. Тие се разлика само една година и првите симпатии меѓу нив се од средбите во училишните ходници и од вечерните генерациски излегувања.

Зоран Заев и Зорица Заева се познаваат од средно и се само една година разлика

Тие почнале да се забавуваат дури по една година дружење.

Зоран првично ме привлече со својот изглед, што за секоја тинејџерка во тие години е пресудно. Потоа ме освои со својот карактер. Зоран важеше за мирно и разбрано момче, она што е всушност и денес – раскажа Зорица Заева пред неколку години. Сопругата на Зоран Заев во истата прилика откри дека се познаваат уште од деца, поточно од времето кога родителите на Зоран живееле во стан во истото маало, оддалечено на триста метри од нејзината зграда.

Единствената ќерка на Зоран Заев се забавува со Иван Проданов и често е мета на прозивки на социјалните мрежи, на тема немање на слух за сиромашните деца.

Првата комуникација ја имале кога таа била во трето, а Зоран во четврто одделение, на настава во природа во некогашното детско одморалиште во местото Суви Лаки, Беровско. Но, тогаш било далеку од симпатии и од љубов. Нивното познанство прераснало во нешто посериозно дури во средношколските денови. Последната година на Економскиот факултет во Скопје почнале и заедно да живеат.

Кога Зоран ѝ предложил брак, тој веќе работел во семејната фирма во која се вработила и Зорица. Набргу им се родила ќерката Александра, нивното прво дете. Кога се родил синот Душко, Зоран веќе бил пратеник. Крстен е по еден од четворицата чичковци на Заев, кој починал, кога на свет дошол неговиот син.

Последниот ден од септември за нив двајца има особено значење. На тој ден нивната шестгодишна врска ја крунисале со голема свадбена веселба.
Но последниот ден на Септември е важен и за Македонскиот народ, кој во голем бројка му најави на Зоран дека нема да го поддржи во неговата намера да го промени уставното име на Република Македонија во Република Северна Македонија. Зоран Заев не си достои на зборот дека нема да дозволи промена на уставното име на Македонија.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.