Околу 2.000 војници за итни случаи во Албанија се распоредени да им помогаат на луѓето заробени од снег и да ги исчистат патиштата за да се врати пристапот до селата .

Објавил: Перо Милчин | 14 јануари, 2019 7:59

Снежните лавини во Европа однесоа 20 човечки животи

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Снежните невремиња и несреќи го зголемија бројот на загинати во Европа на 21. Големиот снег повторно зафати голем дел од Европа, пресекувајќи планински села, предизвикувајќи лавина што се урна врз хотел во Швајцарија и во петокот уби најмалку уште четири лица, објави Си-би-си.

Големата лавина со снег, погоди хотел во Швајцарија а работниците во хотелот Саентис во источна Швајцарија го поминаа петокот чистејќи голема количина снег, откако во четвртокот попладне 300 метри широка лавина проби низ прозорците на хотелот и се натрупа во собите и трпезаријата.

Исто така во Германија возач на снежен плуг почина во петокот откако неговото возило се урна во голема заледена река, а еден човек електричар во Албанија, претрпел фатален срцев удар додека ги поправал оштетените далекуводи.

Воените хеликоптери во Австрија во петокот спасија 66 германски тинејџери од една планинска куќа за гости каде што беа заглавени повеќе денови. Во Албанија околу 2.000 војници и државни службеници за итни случаи се распоредени да им помогаат на луѓето заробени од снег и да ги исчистат патиштата.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Инциденти

Меѓу демонстрантите имаше и попови, а на масовниот протест се извикуваа слогани и против Владата на Мицотакис, но и против новинарите.

Инциденти во Атина на протестот против вакцината и против задолжителната имунизација

Со инциденти меѓу полицијата и демонстрантите, со молотови коктели, солзавец и топови...