Овој случај генерално ќе влијае негативно на судството, а и последиците по СЈО се негативно, вели судијата Џемаили Саити.

Објавил: Рејхан Бајрами | 28 јули, 2019 17:45

СУДИЈАТА САИТИ: “Случајот „РЕКЕТ„ се води поприлично јавно на некој фолклорен начин”

Фото/Текст извор: ©онлине магазин

Постапка за аферата „Рекет“ се води поприлично јавно и поприлично на некој фолклорен начин, затоа што се уште немаме ние конкретни акти по однос на предметот, вели судијата Џемали Саити. Овој случај генерално ќе влијае негативно на судството, а и последиците по СЈО се негативно, вели тој во интервју за „Радио Слободна Европа“.

Судијата Џемаили Саити вели дека случајот „Рекет“ се води на фолклорен начин. Тој генерално смета дека оваа постапка негативно ќе влијае на рејтингот на судството, на довербата, но од друга страна доколку се спроведе на вистински начин, иако во оваа фаза, оваа постапка се води поприлично јавно и поприлично на некој фолклорен начин.

„Генерално на општата доверба на граѓаните во правосудниот систем ќе влијае негативно, иако одредени политички структури и одредени структури од меѓународната заедница го поздравија овој чин со тоа што сметаат дека едно ново поглавје од борбата против корупцијата и организираниот криминал.

Но генерално сметам дека оваа постапка негативно ќе влијае на рејтингот на судството, на довербата, но од друга страна доколку се спроведе на вистински начин, иако во оваа фаза, искрен сум, морам да признам, оваа постапка се води поприлично јавно и поприлично на некој фолклорен начин да кажам, за тоа што се уште немаме ние конкретни акти по однос на предметот.

Доколку е така, сметам дека тоа е постапка која треба да се спроведе на таков начин, но последиците по СЈО се познати, значи негативни се.

Ќе се обидат веројатно политичките чинители да најдат решение, рамка, како тоа да се ублажи во однос на целата структура на СЈО, но тука се согласувам и со мислењето на професор Гордан Калајџиев, кој истакна дека судбината на СЈО сепак е врзана со првиот човек, затоа што СЈО е јавниот обвинител, сите други се во функција на обавување на таа дејност“, вели судијата Саити.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Интервју

„Има документи, согласности, уснени согласности, телефонски разговори, за секој пациент докторите се должни да ги информираат. Ние први воведовме видеоконференција

Жан Митрев: Не се плашам од обвинение, ќе се докажувам и 100 години ако треба – никогаш не сум рекол дека хемофилтрацијата е лек

Неговиот вечерашен јавен настап во кој се бранеше од наводите во документарниот филм...

Зошто никој не зборува за германскиот предлог во времето на владата на Меркел, од нивното претседателство, каде исчезна тој?

Имам информации дека владата на Ковачевски го прифатила предлогот од Париз

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во вчерашното гостување во емисијата...

„Јас не се занимавам со економијата на семејството, колку пари кружеле… Добро е, дојдете еден ден кај мене дома, зборувајте со мојата сопруга“, рече Ахмети.

Ахмети не знае колку чини маслото за јадење: Зборувајте со сопругата, не се занимавам со економијата на семејството

Лидерот на ДУИ Али Ахмети во гостувањето во емисијата „Клик плус“ на ТВ21кажа дека...

Вели дека е подготвен во секој момент да седне на маса и да разговара за сите теми со Ковачевски, но на тие средби ќе мора да се разговара и за предвремени ибори.

Мицкоски: Немам намера никого да уценувам, подготвен сум во секој момент да седнам на маса

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски тврди дека блокадата на Собранието не е начин...