Зидан погоди со уфрлањето на Герет Бејл во игр

Објавил: Македонка Димкин | 26 мај, 2018 23:53

Трофеите го потврдиа квалитетот на успехот на Реал

Фото/Текст извор: ©Keystone

Освојувањето на фудбалската Лига на шампионите (ЛШ) третпат едноподруго, на Реал Мадрид, ќе се памети по спектакуларниот гол на Герет Бејл со ножички во финалето и по извонредната голгетерска форма на Кристијано Роналдо низ натпреварувањето (постигна 15 погодоци), додека творецот на незабележаниот успех на „кралевите“ веројатно повторно ќе биде неправедно запоставен.

Таков е случајот со тренерот на Реал, Зинедин Зидан, кој е во сенка на ѕвездите на најтрофејниот европски клуб, и кој постојано се соочува со недовербата и со негативните критики од навивачите и од бројните фудбалски експерти кои се сомневаат во неговите способности.

Но, Зидан е меѓу најзаслужните за победата на Реал над Ливерпул од 3-1 во вечерашното финале во Киев, по кое Шпанците станаа прваци на Европа по 13-ти пат.

– Јас не сум најдобриот тренер и постојано ќе го кажувам тоа. Не сум најдобриот тренер кога во прашање е тактиката. Бидејќи вие постојано го велите тоа – им кажа низ смеа францускиот стратег на новинарите, во пресрет на финалето.

Зидан погоди со уфрлањето на Герет Бејл во игра, во 60-та минута, на местото на Иско, по што Велшанецот ги постигна двата решавачки погодоци, со ножички во 64-та и со удар од далечина во 83-та минута. Претходно Карим Бензема го отвори резултатот во 51-та минута, по грешка на противничкиот голман Лорис Кариус кој имаше слабо издание, а Садио Мане изедначи за Ливерпул во 55-та минута. Ливерпул остана без својот најдобар фудбалер Мохамед Салах во 31-та минута, кога одличниот крилен напаѓач го напушти теренот поради повреда, по дуел со Серхио Рамос.

А тренерските успеси на популарниот Зизу го докажуваат неговиот квалитет, бидејќи тој за безмалку две и пол години на клупата на Реал, ја освои ЛШ трипати, исто колку и најтрофејниот досега, Карло Анчелоти, на кого му беше помошник во кралскиот клуб, а има еден трофеј повеќе од славните сер Алекс Фергусон, Жозе Мурињо и Пеп Гвардиола. Згора, Зидан е првиот тренер што дојде до трофејот трипати едноподруго.

Магазинот „И-ес-пи-ен“ се пошегува во описот на тренерските способности на  Французинот, пишувајќи, „Зинедин Зидан не е познат по тактиката, ниту по стилот, само по способноста да победува“.

Рекордите и новиот успех, би требале на Зидан да му ги донесат славата и признавањето на квалитетот што ги заслужува.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Фудбал

Репрезентативците на Марково се вистинско изненадување на ова првенство. За потсетување, тие со својата пожртвувана игра претходно во осминафиналето успеаја да ја елиминираат репрезентацијата на Шпанија.


Фото: EPA-EFE/Ali Haider
Напаѓачот и најголема ѕвезда на Португалците, Кристијано Роналдо и овој меч го започна на клупата за резервни играчи. Во игра влезе во 51. Минута, кога селекторот на Португалија реши да го стави на местото на Рубен Невеш.

Португалија имаше доволно време да израмни, напаѓаше силно, но не успеа да ја затресе мрежата на одличниот голман на Мароканците, Боно.


Фото: EPA-EFE/Georgi Licovski
Мароко во полуфиналето ќе ги одмери силите со подобриот од вториот денешен четвртфинален натпревар на Светското првенство во Катар што ќе го играат репрезентациите на Франција и Англија.

Вчера во драматични натпревари, со пресврти за пласман во полуфиналето се изборија репрезентациите на Хрватска и Аргентина кои се првата полуфинална двојка.

Мароко испиша историја: Ја победи Португалија и оди во полуфинале на Светското првенство во Катар

Мароко во полуфиналето ќе ги одмери силите со подобриот во вториот денешен четвртфинален...

Триумфот го донесе Александар Трајковски. Милевски емотивно заедно со останатите играчи го прослави големиот успех, а има и две причини за радост. Првата е секако победата над Италија, а втората е дека денес (25 март) му е роденден!

Благоја Милевски е роден во 1971 година во Скопје. Полни 51 година, баш заедно со победата над Италија. Селекторе, среќен нека е и само успеси со Македонија!

МАКЕДОНИЈА НАПРАВИ СВЕТСКО ЧУДО: Ја победи Италија на нејзин терен и обезбеди финален бараж за Мундијал!

Македонија ги елиминира европскиот првак Италија среде Палермо и дојде само на еден...