Собранието на Македонија, со 80 пратенички гласа "за", без "против" и "воздржани" го одобри пристапувањето на измените на Уставот на Република Македонија по Преспанскит Договор

Објавил: Мирко Бачиќ | 19 октомври, 2018 22:32

Уставните измени поминаа, 80 пратеници гласа “за”, Македонија на пат да стане Северна

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Талат Џафери, кратко образложи дека е исцрпена листата на пратеници говорници, по што по кратка постапка го стави предлогот за пристапување кон уставни измени на гласање.

По гласањето, оценето е дека има 80 пратенички гласа “за”, со што е овозможено 2/3 мнозинство.

Со ова се пристапува кон уставни измени.

Координаторот на ВМРО – ДПМНЕ, Драган Данев, во име на пратеничката група на побара по гласањето да има и поединечно гласање, со цел да се избегне можноста од недоверба во техниката.

Од ВМРО – ДПМНЕ и коалицијата, со поддршка гласаа следните пратеници:

Владанка Авировиќ – ЗА
Емилија Александрова – ЗА
Љубен Арнаудов – ЗА
Сашо Василевски – ЗА
Елизабета Канческа – Милевска – ЗА
Крсто Мукоски – ЗА
Зеќир Рамчиловиќ – ЗА
Нола Исмајлоска Старова – ЗА

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести